Четириесет години по ред, на 25 јули 1978 година Џон Браун и Лесли Браун го прославувале овој за нив најсреќен ден затоа што токму на 25 јули било родено нивното бебе Луиз Браун, првото бебе родено со ин витро во болницата „Ројал Олдам“, Велика Британија.

Денес, Луиз Браун е горда мајка на двајца сина што биле природни зачнати. Таа е првото бебе помеѓу 6,5 милиони и повеќе бебиња родени преку ин витро.

За да се одбележи раѓањето на првото „ин витро бебе“, експертите за плодност одлучија да се соберат на 24 јули 2017 година и да го прослават Светскиот ден на ин витро.

Денес сè повеќе парови бараат третман за неплодност. Неплодноста е неможност да се зачне по природен пат и е медицинска состојба што е доста распространета насекаде низ светот.

Клучните причини за неплодност се и животниот стил и клинички фактори: стапување во брак во подоцнежни години, одложување на бременоста, зголемена потрошувачка на алкохол и тутун и зголемено ниво на дебелина, синдром на полицистични јајчници, туберкулоза, ендометриоза итн.

Извор



912

X