Игротека

Се породила во када без помош и без лекови, а тоа го снимила и го објавила на „Јутјуб“

24-годишната инфлуенсерка Легаси Алонг одлучила да го сподели искуството од породувањето на нејзиното трето дете со целиот свет. Таа сакала да го роди синот во сопствената бања, поточно во кадата, без помош и без лекови за олеснување на болката.

Таа снимила сè и објавила на „Јутјуб“, а видеото има над 700.000 прегледи досега. Нејзината цел е да ги охрабри жените од целиот свет.

– Сакав сите што ги интересира да знаат што се случува. Породувањето е охрабрувачко. По него сфаќате дека можете буквално сè – вели Легаси.

– Сакам жените да сфатат дека имаат избор кога станува збор за породувањето. Секако, објавувањето на „Јутјуб“ носи свои предизвици. Првенствено треба да се погрижите да нема голотија – додава таа.

– И првото дете го родив без лекови и бев смирена. Акушерките беа импресионирани – раскажува таа.

Кога забременила по втор пат, ја документирала и таа бременост. Синот Ромео го родила на 4 декември 2017 година, и тврди дека второто породување било полесно од првото бидејќи знаела што да очекува.

Повторно забременила на почетокот на 2019 година. Се надевала дека носи девојче, но следувало разочарување бидејќи имала спонтан абортус во 12. недела од бременоста.

– Лекарите не знаеја што се случи. Не сакав да кријам ништо и направив видеа, иако и денес ми е тешко да ги гледам. Но, не го направив тоа за себе, туку за другите – вели таа.

Извор

Поврзани написи

To top