Развојот во здравството значи дека сè повеќе жени и бебиња преживуваат, открива нов извештај.
Извештајот, објавен од Светската здравствена организација и УНИЦЕФ, утврди дека смртноста на мајките е намалена за повеќе од една третина од 2000 година, додека смртните случаи кај децата опаднале за речиси половина во истиот временски период.
Има намалување од 56 отсто во смртните случаи кај деца помлади од 15 години уште од 1990 година – од 14,2 милиони смртни случаи на 6,2 милиони во 2018 година.
Но, истражувањето открило дека и сепак една бремена жена или новороденче умираат на секои 11 секунди од причини што претежно можат да се избегнат – со 2,8 милиона проценети смртни случаи секоја година.
– Низ целиот свет раѓањето е радосна вест. Сепак, на секои 11 секунди раѓањето е и семејна трагедија. Вештите раце што можат да им помогнат на мајките и на новороденчињата во текот на породувањето, заедно со чиста вода, соодветна исхрана, основни лекови и вакцини, може да направат разлика меѓу животот и смртта – вели Хенриета Фор, извршен директор на УНИЦЕФ.
Мора да направиме сè што е потребно за да се инвестира во универзалното здравствено покритие за да се спасат овие скапоцени животи – додаде таа.
Истражувањето покажало дека 6,2 милиони деца на возраст под 15 години починале во 2018 година, од кои 5,3 милиони починале во првите пет години.
Истражувачите забележале дека околу 290.000 починале од здравствени проблеми во 2017 година.
– Во земји што секому му обезбедуваат безбедни, достапни, висококвалитетни здравствени услуги, жените и бебињата преживуваат и напредуваат. Ова е моќта на универзалното здравствено покритие – изјави Тедрос Аданом Габриезус, генерален директор на Светската здравствена организација.
Податоците откриваат сериозни здравствени разлики низ целиот свет – бројот на смртни случаи кај мајките е речиси 50 пати поголем кај оние што живеат во Супсахарска Африка од оние што живеат во побогати држави.
Минатата година едно од 13 деца во Супсахарска Африка починало пред да наполни пет години.
Претходните податоци на СЗО проценуваат дека меѓу 5 и 12 отсто од смртните случаи на мајките може да се припишат на небезбедни абортуси на годишно ниво – со годишна цена за лекување на големи компликации проценети на 553 милиони долари.