Аманда Кокс, учителка од Тексас, побарала од своите ученици да ги извадат моливите, а еден од нив ги покажал моливите што му ги подготвила неговата мајка. „Кога им ги острев со острилка, забележав дека на неколку од нив нешто пишува. Потоа сфатив дека неговата мајка одвоила време и напишала нешто на нив. Го замолив да ми ги покаже и другите, а она што го прочитав ми го стопи срцето“, напиша учителката во својата објава на „Фејсбук“.
Мајката на момчето напишала пораки на љубов и охрабрување на секој молив за нејзиното дете да може секојдневно да ги гледа и да ги чита. На секој молив постоела посебна порака:

* Ти си толку многу талентиран
* Ова ќе биде прекрасна година
* Ти си креативен
* Ти си феноменален
* Не откажувај се никогаш
* Ти го можеш тоа
* Ти го знаеш тоа
* Ти си математички волшебник
* Ти си интелигентен
* Се гордеам со тебе секој ден
* Те сакам
* Имаш брилијантен ум
* Ти си прекрасен
* Ти знаеш да решаваш проблеми
* Ти си совршен
* Горда сум на тебе
* Ти ќе го промениш светот
* Ти си неверојатен
* Ти си најдобар
* Ти си важен

Учителката Аманда била неверојатно трогната од оваа постапка.

– На неговата мајка ѝ требале само неколку минути, но тоа му го разубавило денот. Благодарение на неа тој беше свесен за своите вредности и сакаше тоа чувство да го сподели со своите другарчиња.
Дури и ако мислите дека ова е претерано или немате доволно време или мислите дека тоа нема да има големо влијание, сетете се дека можеби сте единствените што му го кажуваат тоа и го потсетуваат на овие работи бидејќи секое дете треба да знае колку вреди. Затоа ги подучувам на тоа – напиша учителката Аманда на крајот од својата објава, која е споделена над 230.000 пати.



912

X