Детските другарства се како опсерваторија во која има милиони ѕвезди. Од под едно такво небо ни доаѓа и Аника, љубопитно девојче кое предвреме ќе го добие своето братче, со што сите нешта се менуваат – и дома и за неа самата. Талкајќи низ Стокхолм, таа се здружува со локалните деца што талкаат околу опсерваторијата и играат Вистина или предизвик. Книга која ги преиспитува лагите на возрасните, но и вистината која е белег на секое детско срце. Задолжително четиво за големи и мали!
Сила Јакерт, авторката на оваа книга, е родена во Стокхолм, каде што живее со своето семејство и нивниот мал пес. Многу сака да пишува за деца и најчесто раскажува за безгрижните мигови кога тие можеа да си играат надвор до бескрај, без страв. Таа пишува и сценарија, а многу сака да раскажува за патувања надвор од времето, за чудесните светови…
Оваа книга е дел од едицијата „Магични приказни“ поддржана од проектот „Креативна Европа“, од Програмата за култура на Европската Унија.