Повеќето родители немаат независни деца. Реткост е децата уште на почеток да соработуваат и да сакаат да бидат независни. Затоа, ние мора да тоа да го охрабруваме тоа на секој чекор.

Сигурно меѓу вас има и такви што не успеваат да се истушираат или да одат во тоалет на мир. Дадилката е голем трошок, а немате ни услуга „баба и дедо“ што може да биде огромна помош. Сте изгубиле часови и денови обидувајќи се да најдете решение, но вашето дете и понатаму не е независно. Се обидовте на сите начини да му објасните на вашето дете, но залудно.

Верувале или не, за развивање на независноста на вашето дете потребна ви е таа тајна состојка.

Креативноста.

Искористете ја вашата имагинација и „поставете сцена“ каде што вашите малечки ќе бидат многу среќни што ја играат улогата на независен член на семејството.

Еве неколку начини како да го направите тоа:

– Ставете ја облеката на детето во подолните фиоки, а чевлите на долните полици. Така, тие ќе му бидат на дофат на рацете и ќе се подготви само кога треба да излезе.

– Ужините што сакате да му ги дадете на детето направете ги достапни. Распоредете ги во чинии со различни бои и лесно направете договор која ужина кога може да се земе.

– На шкафчињата поставете кука што детето може да ја достигне и на нив да ја закачи облеката, крпите и слично. Нема да има потреба да собирате по децата.

– Поставете безбедни и стабилни столови на кои детето може да се качи за да дофати нешто. Тоа најчесто се кујната, бањата и спалната.

– Залепете потсетници во вид на весели стикери ако е потребно. Така детето и без вас ќе знае каде се работите и како да направи нешто.

Бидете сигурни дека по овие ситни инвестиции детето одеднаш ќе ги прави секојдневните работи без помош. Не само што ќе му помогнат на детето да се чувствува добро и гордо, туку и ќе научи дека не треба родителот сè да прави за него.

Можеби мислите дека претерувам кога ќе кажам дека ќе ви го промени живот. Ќе уживате во моментите кога детето ќе дојде да ви се пофали што сè направило само и колку е пораснато.

Ќе се уверите колку е воодушевувачки да го гледате како расте и прави работи за кои никогаш не би ни помислиле дека може само да ги направи. Тоа ќе ви даде поголема слобода во домот, но и време за себе и за сопствените мисли, што понекогаш е луксуз.

Сигурно сакате да слушнете дека сте му потребни на детето и дека сака да поминува време со вас (да, тоа ќе ви недостига кога ќе порасне и кога ќе почне самостојно да го организира времето). Независноста и рутината во извршувањето на секојдневните активности сепак се нешто друго. Тоа треба да го поддржите за доброто на сите членови на семејството, а особено за самото дете. Нема да добиете благодарност од детето, напротив, на почеток може да добиете и отпор. Сепак, ќе бидете задоволни со трајните ефекти: детето ќе добие самодоверба, ќе биде расположено за соработка и ќе биде самоуверено.

Автор: Тамара Костиќ, психолог



912

X