Кога Џесика Бензакејн имала 12 години, официјално ја изгубила родителската грижа. Поточно, нејзината мајка се откажала од сите родителски права и ја напуштила.

– Рон, службеникот кој се грижеше за мене, ме седна и ми рече: „Мајка ти се откажа од нејзините родителски права. Кој е твојот план Б?“ – вели Џесика.

Таа во тој момент не сфаќала што зборува Рон, но била сигурна дека немала ни план А.

– Ако посвојувањето беше твојот план А, тогаш морам да ти кажам дека си премногу стара за тоа. Не го кажа тоа за да биде злобен. Сфатив. Неговата цел беше дека ако мојот план А беше да бидам посвоена, тогаш не одговарам со она што луѓето го бараат. Со моите 12 години, луѓето ќе сметаат дека или сум длабоко оштетена или имам некакви проблеми што не можат да се решат. Помеѓу 2 и 5 години шансите за посвојување се намалуваат – раскажува Џесика.

Ѝ бил пронајден згрижувачки дом каде што живеела до нејзината 18. година, кога заминала на факултет. Се сеќава дека сама ги поминувала празниците во кампусот.

– Од студентите се очекуваше да заминат, но јас немав каде да одам. Затоа останував во собата.

Денес, таа е мајка на две деца, 14-годишната Ели и 9-годишниот Бен, кои ги добила во бракот со поранешниот сопруг. Но, за да им помогне на децата да не се најдат во ситуација како неа, Џесика со години удомувала деца во својот дом. Но, сега се одлучила за чекор понатаму. Своето семејство го прошири со уште шест момчиња.

– Одлично се забавуваме. Тотален хаос е. Имаат безбедно место каде што можат да прават грешки, да се смеат, да се шегуваат и да се забавуваат. Долго време живееме како семејство. Но сега никој не може да ни рече дека не сме семејство – вели таа.

Извор



912

X