Бен Карпентер, татко од Хадерсфилд, го посвоил своето шесто дете – прекрасно мало момче, кое сега е добредојдено во семејството покрај неговите браќа и сестри. Посвојувањето на двегодишниот Луис се официјализирало, а неговиот нов татко е многу горд.

Бен, кој е самохран татко, го нарекуваат уште и шампион за посвојување, а изјавил: „За 5 месеци Луис стигна дома. Беше многу кршливо дете, под стрес, се бореше да стекне доверба, но сега полека учи да го прави тоа“. Луис има церебрална парализа и е слеп, па сега почнува да се запознава со браќата и сестрите кои Бен претходно ги посвоил – Џек (13), Руби (9), Лили (8) и Џозеф (5).

– Децата го обожаваат и девојчињата многу сакаат да си играат со него, па дури и да го шминкаат. Најстариот е како типичен постар брат и е многу заштитнички настроен.

фото извор: examinerlive.co.uk

Бен (36), вели дека Луис има одличен карактер и ужива во процесот на запознавање на браќата и сестрите. „Тој е прекрасно мало момче со одличен карактер и сум екстремно горд што можам да го наречам мој син“. За жал, другиот син на Бен, Ноа, починал одненадеж на возраст од 2 години, во ноември, минатата година. Бен вели дека секогаш се сметал себеси како татко на 6 деца и синот Ноа никогаш нема да биде заборавен. Низ домот има фотографии од Ноа и Бен зборува за него со децата. Бен се радува што сега многу ќе му помогне на Луис. „Луис обожува да биде надвор. Направивме сензорна градина каде што има многу мириси и звуци.

фото извор: examinerlive.co.uk

Тој ги обожава смешните звуци. Малку е веројатно дека Луис ќе почне да оди и тој е во инвалидска количка, но како за сите мои други деца – никогаш не вели никогаш. Ги сакам сите мои деца со целото мое срце и сакам да ги гледам како напредуваат и опстојуваат. Тоа е најубавата работа како родител, особено ако се знае дека нивните судбини биле мрачни. Еден од моите омилени цитати за посвојување е: – Можеби е тешко да се смести дете, но не е тешко да го сакате“.

Бен ги охрабрува луѓето да го земат предвид посвојувањето дете. Тој има едноставна порака за лицата што би сакале да посвојуваат: Не плашете се да го направите првиот чекор и да се обратите во агенциите за посвојување.

Автор: Ендру Робинсон

Извор



912

X