Ламонт Томас е самохран татко од Њујорк и згрижувач кој направи едно посебно дело – во еден ден прифати пет браќа и сестри помали од 5 години и така стана татко на 12 деца.
– Се борев да ги задржам солзите. Секој ден кога ќе се сетам на тоа, ми се насолзуваат очите. Што сè претрпевме за да успееме – изјави гордиот татко во емисијата „Гуд морниниг Америка“.


Повеќе од една и пол година децата беа разделени во 4 различни куќи, во 4 различни града.
– Речиси две и пол години се борев да ги соберам заедно и успеавме – вели овој татко.

Зендаја (5), Џамел (4), Накија (3), Мејџр (2) и Михаела (1) им се придружија на биолошките деца на Томас и на другите дечиња што ги одгледува овој посебен човек.

– Ми донесоа нова енергија! Тие се многу симпатични деца и заслужија да бидат одгледувани како браќа и сестри. Тоа беше и моја борба! – изјави Томас, кој стана згрижувач во 2000 година и досега одгледал повеќе од 30 деца.
– На почетокот сакав да им помогнам на пријателите на кои системот им ги одзеде децата, добив сертификат и станав згрижувач – додава тој.

Извор



912

X