Каков авторитет имам за да пишувам за своите браќа и сестри? Па, за почеток, имам двајца. Јас сум најстара од сите тројца, а мојот помал брат се роди кога имав 2 години, што значи имам 28 години искуство како нечија постара сестра. И морам да кажам, навистина сум добра во тоа. Кога имаш браќа и сестри, има одредени работи што ги искусуваш – работи кои оние што се единци никогаш нема да ги разберат. Корисниците на „Редит“ составиле листа со такви искуства.

1. Соработници и соперници

Оние што имаат браќа и сестри може да сфатат дека тие, особено во детството, ни се најдобри пријатели и соперници во исто време. Во еден момент се сакате најмногу, а во другиот имате тешка кавга… и така во круг.

2. Промена на сојузи

Ова се однесува на оние со повеќе браќа и сестри. Работата е во она во што моментално се согласувате и така се создаваат сојузи и кланови. Денес сте подобар со едниот, утре со другиот.

3. Смеење преку солзи

Ова е вештина што се совладува во детството. Тоа значи да се успее да се насмее братот или сестрата ако претходно сте го/ја расплакале. Солзите во таа смисла веќе не се веродостојни и полесно се кријат од родителите откако сте направиле нешто лошо.

4. Извинувања не се потребни

По кавга едноставно не постојат извинувања. По лутина едноставно повторно се впуштаме во игра и разговор.

5. Гаснење на светлото додека едниот е во тоалет

Многумина на социјалните мрежи изјавиле дека ова им бил наједноставниот начин да го налутат својот брат или сестра. Светлото е секогаш на надворешната страна, што е доволно за да се започне кавга.

6. Привилегија за старите, но и за помладите

Помладите деца подоцна често се жалат дека нивните постари браќа и сестри имале повеќе слобода и биле привилегирани, но и обратно.

7. Око за око, заб за заб

Кога прават глупости, целта е родителите да не дознаат, па изјавите од типот: „Немој да ѝ кажеш на мама, можеш и ти мене да ме удриш“ е своевиден излез од проблемот.

8. Закана „Ќе те кажам на мама“

Тежината на изјавата „Мама рече дека е мој ред“ ја разбираат само оние со брат или сестра. Зборот на мајката е последен и никој не сака родителот да се вклучи во кавга бидејќи никогаш не се знае кој ќе го извлече подебелиот крај.

9. Уценување

Чувањето тајни помеѓу браќата и сестрите е светост. Но, најмногу поради тоа што ако еден посака да открие нешто за оној другиот, треба да знае дека братот или сестрата во ракав има куп вистинити и срамни приказни што може да ги сподели со светот.

10. Играч број еден

Сите оние што играле видеоигри ја познаваат драмата наречена борба – кој ќе биде играч број еден. Тоа вреди и за другите игри, на пример, кој ќе ја земе поголемата плоча за лего-коцки или куклата со поубава коса.

11. Јади додека има

Оние со браќа го знаат правилото дека ако на масата е сервирано нешто што сите го сакаат, не треба да се чека. Бидејќи во следниот момент исчезнува.

12. Спортски игри

Само луѓето со браќа и сестри знаат како е да се издржи низ спортските игри. Поминуваме низа години во вакви активности, кога иако не сакаме нешто, мораме да го правиме заедно со браќата и сестрите.

13. Игри со облекување

Помладите деца неретко се сеќаваат дека постарите сестри ги искористувале за игри со облекување и шминкање, па ги преправале во кукли.

14. Помалку правила

Постарите браќа и сестри често се жалат дека на нивните помлади двојници им биле дозволени многу повеќе работи отколку ним во нивни години.

15. Светиот грал

Колку кавги само почнале поради далечинскиот управувач и расправањето околу тоа што ќе се гледа на телевизија.

16. Место на каучот

Некои знаеле да не стануваат со часови само братот или сестрата да не им седне на нивното омилено место во дневната соба или на масата.

17. Само вие можете да зборувате лошо за нив

Можете со часови да се жалите на братот и сестрата и да зборувате лошо за нив. Но, кога тоа ќе го направи некој друг, едноставно полудувате.

18. Тепање

Често се случува во детството обичната кавга да прерасне во тепачка. Сето тоа било сосема нормално.

19. Гледање

Ако братот или сестрата зјапале во вас, признајте дека сте збудалувале и сте ги издавале на родителите.

20. Различни перспективи

Кога ќе пораснете, ќе сфатите дека сите имате различен поглед на детството и растењето. Се сеќавате на работите на еден начин и полека дознавате дека тие сето тоа го доживеале на сосема различен начин. Често се прашувате дали воопшто сте пораснале во ист дом.

Автор: Робин Злотник

Извор



912

X