Истражување на Универзитетот „Шербрук“ во Квебек, Канада, покажа дека уредите се поврзани со зголемување на испадите на гнев за повеќе од една петтина доколку се користат повеќе од еден час над просекот секој ден.

Употребата на таблети кај деца на возраст од 3,5 години беше значително поврзана со гнев и фрустрација една година подоцна – вели авторката на истражувањето, професорката Каролин Фицпатрик.

Мајките и татковците сè почесто користат екрани за да ги држат децата под контрола во автобус или на вечера.

Професорката Фицпатрик открива дека дури и ако тоа ги смирува во моментот, може да им наштети на нивната долгорочна емоционална контрола.

Истражувањето вклучило 315 родители во Нова Шкотска, Канада, помеѓу 2020 и 2022 година. Нивните деца поминувале во просек по шест и пол часа неделно користејќи „ајпад“ или дигитални таблети.

Утврдено е дека тригодишните деца кои поминуваат 1 час и 15 минути повеќе од просекот секој ден имаат 22 отсто повисоки резултати на скалата на гнев и фрустрација една година подоцна. Најфрустрираните деца на четиригодишна возраст биле и најжестоките корисници на таблети на петгодишна возраст. Истражувачите велат дека оваа навика може да создаде маѓепсан круг.

– Овие наоди покажуваат дека употребата на таблети може да ја поткопа способноста на детето ефикасно да управува со емоциите во текот на дневните рутини. Освен тоа, децата што изразуваат повеќе гнев може да користат повеќе дигитални стратегии за да ги ублажат нивните испади – вели тој.

Канадските истражувачи велат дека иако употребата на таблети е вообичаена, на децата им е потребна човечка интеракција за да развијат емоционални и социјални вештини.

– Постојат докази дека децата учат емоционална регулација преку два механизми: набљудување на родителите и родителство фокусирано на емоции. Почестата употреба на таблети може да ги намали можностите за учење на децата – велат истражувачите.

Извор



912

X