Традицијата на читање приказни на децата пред спиење се чини дека изумира – само двајца од десет родители признаваат дека тоа го прават редовно.

Новото истражување од Велика Британија објави дека 20 отсто од родителите им читаат на децата приказни за добра ноќ. Истражувањето било спроведено од група позната како „Новотел“. Тие интервјуирале 1.000 родители што имале деца на возраст од шест месеци до десет години. Четвртина од нив денес на децата побрзо би им дале мобилен или таблет да играат и да гледаат цртани. Во меѓувреме, други 60 отсто им дозволуваат на нивните деца да гледаат телевизија како помош при заспивање.

Сепак, јасно е дека родителите посакуваат да им читаат на своите деца. Повеќе од две третини од анкетираните во истражувањето признаваат дека чувствуваат вина затоа што не им читаат приказни за добра ноќ на своите деца. 94 отсто од родителите велат дека веруваат дека читањето приказни за добра ноќ е важен начин за негување на креативноста на детето и неговите вештини за читање.

Тогаш зошто родителите не им читаат приказни за добра ноќ на децата? Се чини дека постојат неколку причини. 28 отсто од родителите велат дека работат до доцна, што значи дека немаат шанса да го направат тоа. Други 34 отсто велат дека често се премногу уморни за да го прават тоа, додека четвртина од испитаните родители изјавиле дека нивните деца не би биле заинтересирани за приказни. Но, можеби родителите грешат.

– Со пренатрупаните распореди, родителите често се борат да најдат време за приказни за добра ноќ – но нашите истражувања покажуваат дека децата ги сакаат, а ги сакаат и мајките и татковците. Го разбираме притисокот на модерниот живот, но читањето е важно затоа што приказните ги поврзуваат семејствата – објаснува Џејмс Виткрофт од „Новотел“.

Извор



912

X