Крадец провалил во куќа, налетал само на едно 11-годишно момче и му се заканил со пиштол велејќи му да молчи, па се фрлил на работа. Но, не завршил добро

Најдобро е кога животот ќе потврди некој филм. Токму тоа му се случило на 11-годишното момче од Северна Каролина, Брејдон Смит. Тој го оживотвори филмскиот јунак Кевин Мекалистер од вечниот божиќен хит „Сам дома“.

Имено, малиот Брејдон им се спротивставил на вистински разбојници, спасувајќи се самиот себеси и домот од нападот и помагајќи ѝ на полицијата да го стави дрскиот криминалец зад решетки.

Во градот Мебејн било свежо и мирно попладне. Малиот Брејдон уживал само во својот дом. Неговите родители не биле дома. Но, тој забележал дека околу неговата куќа се моткаат сомнителни луѓе. Одеднаш мажот го разбил прозорецот и упаднал во куќата. Го видел Брејдон и го турнал во плакарот, заканувајќи му се со пиштол и велејќи му да молчи и да го остави да си ја заврши работата.

Крадецот почнал да претура барајќи пари и вредни предмети. Но, Брејдон, кој е добар ученик, примерен син и перспективен играч во училишниот бејзбол клуб, одлучил да дејствува. Мајка му ја нема. Неговиот дом е нападнат. Се извлекол од плакарот и земал мачета. Имал намера да го совлада дрскиот разбојник.

Малото момче се јавило на мајка си, која цело време била на линија и слушала што се случува во куќата. Брејдон собрал храброст кога видел дека натрапникот сака да го земе неговиот „Плеј-стејшн 4“. Во тој момент нешто пукнало во Брејдон, па тој го удрил крадецот со мачетата и го раскрварил.

Во меѓувреме, мајката ја повикала полицијата. Ранетиот крадец избегал заедно со помошниците. Кратко потоа пристигнала полицијата, го нашла Брејдон и тргнала во потера по крадецот.

Фото: Јутјуб

Набрзо провалникот бил лоциран во месната болница, каде отишол да ја санира повредата на главата. Но, ова не е крајот. Кога крадецот сфатил дека е во тесно, пак почнал да бега, но полицијата по дводневна потера сепак го фатила и го привела.

Сега крадците ги чека судење за разбојништво, киднапирање и повреда на малолетник.



912

X