Воспитување

Сакате да воспитате среќни деца? Прво научете ги што е несреќа!

Желбата постојано да ги усреќуваме нашите деца, 24 часа на ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината, прво е сосема неразумна, а второ – невозможна.
Кога очајнички се обидуваме децата да ги направиме среќни по секоја цена, ги правиме нежни, чувствителни и парадоксално – несреќни деца и тинејџери.
Само помислете на оние деца што на родителите им се обраќаат заповеднички: „Го сакам тоа веднаш!“, а родителот ќе ја изгуби главата трудејќи се да им ја исполни желбата.
Ако главно „играте“ како што ви „свират“ децата, нивните настапи на гнев сè повеќе ќе ескалираат.

Во што е тајната? Ако вашата цел е да ги научите децата како да бидат среќни, морате да ги научите како да го преживеат „несреќниот“ период. Наместо да ги чувате под стаклено ѕвоно од емоции како што се разочарување, гнев, незадоволство, фрустрации, помогнете им да се соочат со нив.

Само преку една генерација односот кон децата е променет за 180 степени. „Оди во својата соба затоа што јас велам така“ се трансформира во „Не сакаш да одиш во кревет? Ајде да разговараме за тоа што те мачи 2 часа, а потоа јас ќе легнам до тебе и нема да станам сè додека не заспиеш цврсто“.
Никогаш не е прерано децата да ги научите како да се носат со своите емоции, бидејќи бебињата во својот мозок имаат таканаречени „неврони на огледало“. Тие го копираат нашето однесување и на тој начин го формираат сопственото.
Кога родителите успешно се соочуваат со своите емоции пред своето дете, уште од најмала возраст му помагаат да воспостави модел на позитивен однос кон сопствените емоции.

 

Поврзани написи

To top