Во мојата практика често гледам богати семејства кои се борат со желбата да воспитаат неразгалени деца, кои се благодарни и покрај тоа што се богати материјално, одат на раскошни одмори, имаат убави домови и поседуваат најнови уреди, играчки и луксузни автомобили. Ме прашуваат дали е навистина возможно на тој начин да се воспитаат деца и мојот одговор е: „Да, но ќе мора да работите напорно на тоа“. Јас го нарекувам тоа – намерно родителство и потребна е дисциплина за да се спроведе. Треба да имате јасност и доследно следење за да бидете успешни родители.

Ова е мојата листа како да воспитувате неразгалени деца:

Редовно кажувајте „не“

Вежбајте одложено задоволување и едноставно не давајте им го на децата секогаш она што го сакаат, дури и ако можете лесно да си го дозволите тоа.

Очекувајте благодарност

Одете подалеку од самото учење на вашето дете за кажување „ве молам“ и „благодарам“. Научете ги децата за контакт со очи, правилно ракување, наклонетост и ценење за љубезните и дарежливи работи што им се кажуваат и им се даваат. Ако тоа не се случи тоа, нека го вратат подарокот (или на лицето или вам за безбедно чување) и објаснете им дека сè уште не се подготвени да добијат таков подарок.

Вежбајте алтруизам

Донирајте облека и играчки на оние на кои им треба (не само на вашите соседи) и вашите деца нека бидат дел од тој процес. Правете го ова редовно како семејство и подредете, пакувајте и испорачувајте ја облеката заедно, за децата навистина да видат каде одат нивните работи. Правете го ова често, а не само за време на празниците.

Внимавајте на друштвото што ве опкружува

Ако се дружите само со други богати семејства кои не ги воспитуваат своите деца со намера, можеби ќе се опкружите со оние што нема да помогнат во она што се обидувате да го постигнете. Бидете сигурни дека семејството или пријателите со кои поминувате значително време имаат слични вредности на вашите – во спротивно, ќе се чувствувате поразени по некое време.

Напишете благодарници

Да, рачно напишани на хартија со пенкало!

Не минимизирајте ги поразите на децата

Вежбајте ги природните последици уште од рана возраст – споделете некои од вашите сопствени искуства и научете ги на лекции дека „животот не е фер“. Покрај тоа, не заштитувајте ги премногу од разочарувања. Мора навистина да разберете и да верувате дека неуспехот и паѓањето се дел од успешниот развој во детството.

Одолејте на желбата да купите повеќе работи

Само затоа што можеш, не значи дека треба! Не купувајте четири кукли – купете само една и вашето дете нека го сака и цени она што го има. Тоа е еден од клучевите за тоа како да се одгледуваат неразгалени деца.

Разговарајте со нивните баби и дедовци и објаснете им ги вашите намери

Споделете ги со нив вашите желби за да имате деца полни со почит, благодарни, љубезни и одговорни, како и начините на кои ќе ја постигнете таа цел. Ќе ви треба нивната помош за да го направите ова ако тие се како повеќето баби и дедовци кои сакаат да ги разгалат своите внуци! Замолете ги да ги разгалат со љубов, време, наклонетост и внимание – не со подароци со играчки и пари.

Научете ги на вредноста на парите

Нека вашето дете управува со своите пари преку штедење, давање во добротворни цели (на пример), а потоа трошење. Ако го правите ова од рана возраст, навистина поставувате основа за одговорно управување со богатството, а ова е дел од воспитувањето разгалени деца.

Споделете ја вашата приказна

Последно, но не и најмалку важно, треба да им кажете на вашите деца за наследството на вашето семејство. Кога се вели богатство, сето тоа е релативно. Ако потекнувате од богато семејство, раскажете ја приказната за тоа како тоа е заработено и создадено. Ако сами сте заработиле богатство, раскажете ја и таа приказна – само не заборавајте дека „да им дадете на вашите деца сè што немавте“ не е секогаш добра работа. Веројатно има многу работи што сте ги научиле на патот до успехот за да ве направат личноста што сте денес.

И на крајот, ако имате разгалено дете – дете кое плаче и се буди кога не го добива она што го сака – вие сте виновни за тоа! Престанете да попуштате и почнете да ги применувате повеќето, ако не и сите овие пристапи.

Повеќе ќе уживате во родителството, вашето дете ќе биде посреќно и подобро приспособено и ќе има поголем мир и љубов во вашиот дом. И тоа е нешто што не може да се купи со пари.

Автор: Шерил Зиглер

Извор



912

X