Кај девојчињата во пубертет превртувањето со очите всушност значи „Ти благодарам за корисниот совет. Ќе се трудам да го послушам“.
Научниците од Велика Британија тврдат дека високите очекувања на родителите од нивните тинејџерки – особено постојаното потсетување на тие очекувања – претставуваат еден од најзначајните фактори за идниот успех на девојчињата.
Во соопштението со наслов „Зад секоја успешна жена стои мајка која постојано става забелешки? Тинејџерките што имаат мајки со високи очекувања имаат поголеми шанси за успех“, научниците од Универзитетот во Есекс истакнуваат дека високите очекувања од „главниот родител“ – што обично е мајката – ги спречуваат девојчињата да влезат во замки кои можат да им ги намалат шансите за успех.

Имено, ќерките на „напорните“ родители:
– поретко забременуваат како тинејџерки;
– почесто се запишуваат на факултет;
– имаат помали шанси подолго време да бидат невработени.
Научниците во студијата ги проучувале искуствата на 15.000 британски девојчиња, почнувајќи од возраст на 13-14 години и ги следеле во следната деценија.



912

X