Кошаркарскиот ас Шекил О’Нил неодамна на малите екрани откри како ги воспитува своите деца кога се парите во прашање. Тоа изненади многумина

Шекил О’Нил ги има ќерките Тахира (22), Амора (12) и синовите Шариф (18) и Шакир (15) и сака да ги научи дека парите што ги заработил во текот на кариерата не паѓаат од небо.

Го објасни тоа преку приказната за синот Шариф, кој е на колеџ и кој е млада кошаркарска ѕвезда.

– Тој е прекрасно дете, одличен ученик е… Му реков дека ако ги има сите петки, може да одбере автомобил. Еден ден ми се јави и ми рече: „Тато, јас сум во продавницата на Мецедес-Бенц“. Му кажав дека сè ќе средам и да дојде во мојата канцеларија. Кога стигна, му реков: „Синко, ако некој е богат и има пари, тоа сум јас, а не ние. Можеш да одбираш помеѓу шевролет, форд и мустанг“.

 

Славниот кошаркар инсистира неговите деца да бидат образовани.
– Очекувам да дадат сè од себе. Мојот син еднаш доби двојка, ми рече дека не можел да ги најде информациите. Полудев – раскажува низ смеа Шекил, кој порано знаеше на децата да им подари скапоцени подароци, и додаде:
– Му објаснив дека има Гугл, Бинг. Како мислиш дека не можеш нешто да најдеш? Кога јас бев на твои години, морав да одам до комшијата и да купам енциклопедија.

Шекил истакнал дека да може да го врати времето, би бил најдобриот ученик на светот. Уште подобар? Се прашуваме затоа што тој во 2012 докторира на Универзитетот во Бари.

– Можеш да ги имаш сите пари на овој свет, но ако немаш образование, не можеш да се развиваш. Никогаш не сакав да бидам како 80 отсто од спортистите кои кога ќе престанат професионално да се занимаваат со спорт, повеќе немаат ништо. Не сакав да бидам дел од статистиката, па затоа учев, а тоа го барам и од моите деца – рекол Шекил.



912

X