Воспитување

Саканите деца стануваат посреќни луѓе кои знаат да сакаат

Дали некогаш сте се запрашале дали доволно ги гушкате своите деца? Дали некогаш сте ги изброиле дневните прегратки? И дали воопшто знаете зошто е толку важно, зошто е многу важно да ги гушкате децата? Се разбира, најважниот одговор е – да почувствуваат колку се сакани! Но, тоа не е и единствениот одговор. Имено, саканите деца еден ден, кога ќе пораснат, ќе знаат да сакаат други луѓе. Имено, истражувањето покажа дека родителската топлина и приврзаност имаат долготраен позитивен ефект врз животот на децата.

Прегратките и љубовта што им ги давате влијаат врз нивото на нивната самодоверба, така што оние деца што се прифатени и сакани, главно имаат висока самодоверба, а проблемите во однесувањето се минимални. Спротивно на тоа, децата за кои родителите не се приврзани имаат пониска самодоверба и може да бидат отуѓени, непријателски, агресивни и недружељубиво настроени. И што е најважно, децата за кои родителите биле приврзани и се грижат, растат во посреќни, поотпорни и помалку анксиозни луѓе.

Ова било потврдено со долгогодишно истражување што го следело односот помеѓу родителите и децата во период од 30 години. Имено, истражувањето најпрво го следело односот меѓу осуммесечните бебиња и нивото на приврзаност на мајката. Дури 30 години подоцна, овие веќе возрасни лица биле испрашувани за нивното емоционално здравје. Оние чии мајки покажале прекумерна приврзаност биле помалку склони кон стрес и вознемиреност од другите. Друго истражување ја потврдило врската помеѓу количината на љубов и нежност во детството со менталното здравје во зрелоста. Оние што повеќе биле разгалувани од родителите биле посреќни како возрасни, додека оние на кои им недостигала таа емотивна врска со своите родители имале проблеми во односите со другите луѓе.

Сега, кога знаете колку навистина е моќна прегратката, убедени сме дека на овој начин уште повеќе ќе им покажете на своите деца колку се сакани.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top