Сајмон Кауел еднаш рече дека ако зависи од него, неговиот петгодишен син Ерик би го напуштил училиштето уште на 10 години.

– Кога би можел уште на 10 години да го доведам да работи за мене, тоа и би го направил. Јас бев подобар човек надвор од училиштето отколку во училиштето. Не се грижев за домашните задачи. Да се има здраво и среќно дете е многу поважно отколку да се има преквалификувано, образовано дете под стрес – вели тој.

Фото: Shutterstock

Без оглед како гледате на таа преедуцираност, Кауел својата поента ја стави на количината на стрес. Стресот е растечки проблем меѓу младите деца, бидејќи се под постојан притисок да работат сè понапорно и да постигнуваат сè подобри резултати, што доведува до анксиозност кај нив.

Работата во музичката индустрија е позната по целосно ослободување од стресот, а тука Ерик би можел да се пронајде, работејќи за огромната музичка империја на неговиот татко. Кауел за ова зборувал уште пред да стане татко и истакнал дека би му ја дал целата поддршката. Ова во Америка е можно уште на 16 години.

Секако, треба да се земе предвид дека таткото на Ерик е милијардер. И да не научи да чита, тој ќе има можност да расте како дете опкружено со подобро образовани луѓе кои би правеле сè наместо него. Доколку детето не е во таква позиција, ситуацијата е малку различна, нели?

Сајмон е неверојатно успешен, но тоа не дошло од тукутака. Со години се школувал на два скапи колеџи, а во музичката индустрија го имал она што ретко човек го има – успешен татко. Така Сајмон лесно добил работа.

Зборувајќи за неговиот син, Кауел има право во многу работи. Образованието би направило навистина мали разлики во животот на неговиот син. Сепак, за повеќето луѓе образованието овозможува многу подобри можности.

Постои разлика во инспирирање на луѓето да ги следат своите соништа и во охрабрувањето да се откажат од своите можности. Не е баш добро да се истакне дека е безвредно она што на луѓето им дава огромни можности, како што е образованието.



912

X