Здравје

Сѐ уште жените се обвинуваат за проблемите со плодноста

Студентките на колеџот „Мареј Едвардс“, кој е само за жени, треба да имаат семинари за плодност бидејќи ризикуваат да останат без деца ако предоцна се одлучат за мајчинство. Ова е вознемирувачка вест – семинарите се најнов пример за митот дека на жените им е потребно „потсетување“ дека нивната способност за раѓање нема да трае вечно. Оваа идеја дека жените може да „заборават“ да имаат бебе е овековечена во модерната култура. Мојата генерација помина голем дел од тинејџерските години со лекцијата да не забремениме за да не си го уништиме животот. Во нашите 20-ти години тоа се промени преку ноќ, па ни беше кажано да не чекаме долго време, за повторно да не си го уништиме животот.

Кога жените влегуваат во своите 30-ти и 40-ти години од животот, се соочуваат со вители од мизогинистички притисоци од врсниците, од тоа: „Кога ќе имаш второ дете?“ до „Зарем не е неправедно да имаш бебе на 40 години?“ Да не зборуваме за класичната реченица без одговор: „Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остариш?“

Шефот на колеџот „Мареј Едвардс“ рече дека прашањето за тоа кога жената планира да има деца стана речиси забрането.

– Премногу заминавме во една насока. Со право ги охрабривме девојките да се здобијат со одлично образование и да имаат добра кариера. Но, се смета дека е старомодно и негативно да им се каже на девојките она што една постара генерација постојано го зборуваше: „Дали ќе имаш бебе?“ – изјави шефот на колеџот.

Вистина е дека прашањето на еден член на мојата генерација за работата на матката се смета за лоша форма, бидејќи не знае какви болки претрпела жената до која е упатено прашањето: спонтан абортус, мртвороденче, ИВФ, проблеми со менталното здравје. Нефер е и нечовечки да се стават жените и нивните партнери во ваква ситуација, а да не зборуваме дека тоа не е ничија работа. Сите сме свесни дека плодноста не трае вечно и дека значителен дел од жените без деца не ја избрале таа ситуација.

Од каде потекнува ова верување дека на жените им треба настава или потсетување за нивната плодност? Жените од мојата генерација беа бомбардирани со фактот дека плодноста ќе ја снема на 35-годишна возраст, иако оваа статистика се базира на студија од пред 300 години. Друга причина поради која жените рутински се потсетуваат на нивната плодност е зголемената паника за наталитетот, која во медиумите беше претставена како „недостиг на бебиња“ со драстични економски последици. Сепак, нема напор да се направат структурни промени што можат подобро да ги поддржат идните родители. Овој страв се надополнува со зголемениот број жени кои избираат да немаат деца и одбиваат да бидат стигматизирани за тој факт.

Има многу поплодни дискусии што би можеле да ги водиме за тоа зошто многу млади луѓе се чувствуваат неспособни да имаат деца. Наместо тоа, митот дека на жените им треба потсетување на нивната плодност продолжува да опстојува. Тука прашањето не е концептот на семинар за плодност; Давањето повеќе информации за жените за нивното здравје не е лоша работа. Но, се чини дека никој не мисли дека и на мажите можеби ќе им треба да разговараат за ова. Некои научници се загрижени за намалувањето на бројот на сперматозоиди, додека машкиот фактор на неплодност придонесува за 40-50 отсто од сите случаи на неплодност и намалувањето на квалитетот на спермата со возраста на мажите е вмешано во голем број проблеми во развојот. Многу мажи – особено оние со постари мајки – се чини дека мислат дека жените можат да продолжат да забременуваат и во своите 40-ти години.

А што е со мажите? Каде се нивните семинари?

Како и обично, товарот за ублажување на грижите на општеството за плодноста паѓа врз жените во репродуктивна возраст. Кога само луѓето би нѐ слушнале, ќе дознаеја дека прашањето дали треба да се раѓа или не се постојани во животот на жените. Вистинскиот разговор што треба да се води – за поправање на негостопримливото општество создадено за младите родители – продолжува да нѐ избегнува.

Автор: Рајанон Луси Кослет
Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top