Здравје

Сѐ што треба да знаете за доењето додека сте ковид-позитивни

Многу жени што дојат и се ковид-позитивни се загрижени. Но, здравствените експерти советуваат да продолжите да доите освен ако воопшто не ви е добро.

Придобивките од продолжувањето на доењето се значајни. Меѓутоа, ако се чувствувате премногу болни, можете да го измолзите млекото. Вашето бебе сè уште може безбедно да го пие од шише, шприц или од чаша за хранење.

Ако сте биле вакцинирани или закрепнати од вирусот, вашето бебе може да развие антитела на ковид-19. Ова значи дека ќе има дополнителна заштита.

Во моментов нема докази дека ковид-19 се пренесува преку мајчиното млеко. Ако сте изложени на ковид-19, вашето тело ќе произведува антитела на вирусот. Ова значи дека вашето бебе со доењето е заштитено да не се разболи. Истата заштита се случува кога мајката е целосно вакцинирана против ковид-19.

Здравствените експерти препорачуваат доилките да се вакцинираат против ковид-19. Сегашните препораки се бремените жени и доилките да примат „Фајзер“ или „Модерна“.

Дали моето бебе ќе се разболи ако сум болна?

Според истражувањата, новородените бебиња ретко развиваат сериозни симптоми кога се изложени на вирусот. Оваа информација е смирувачка поради неизбежната блискост поврзана со доењето. Нема потреба да престанете да доите, да го држите вашето бебе или да имате контакт кожа на кожа доколку имате ковид.

– Продолжете да доите доколку имате ковид, ако сте биле во контакт со позитивно лице или сте биле изложени на вирусот. Исто така, безбедно е да продолжите да доите кога ќе закрепнете.
– Ако сте болни и се чувствувате премногу лошо за да доите, вашето бебе може да го добие вашето млеко преку измолзување.
– Погрижете се безбедно да го складирате вашето млеко.

– Некои жени сметаат дека нивното млеко се намалува кога се болни. Почестото хранење, одморот и пиењето течности, како и молзењето, го зголемуваат количеството на мајчино млеко.
– Важно е трудниците да се вакцинираат. Во текот на бременоста, инфекцијата со ковид има многу поголем ризик од компликации.

Како можам да спречам моето бебе да се зарази со ковид?

Ако имате ковид, важно е да ги следите овие насоки:

– Секогаш мијте ги рацете пред и откако ќе го допрете вашето бебе.
– Избегнувајте да ги допирате носот, устата и очите, а потоа да го допирате вашето бебе.
– Кивајте и кашлајте во лактот и секогаш мијте ги рацете.
– Чистете ги и дезинфицирајте ги површините што сте ги допреле. Вирусот може да живее на површини до 72 часа, па внимавајте на хигиената.
– Носете маска кога сте во близок контакт со вашето бебе.
– Ако сте многу болни за да се грижите за вашето бебе, замолете некој друг да се грижи за него.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top