Нова епидемија владее меѓу децата низ светот, велат експертите. Децата на шест години се соочуваат со очни болести кои досега биле карактеристични само за повозрасните. Станува збор за синдром на суво око што се јавува кај деца кои поминуваат премногу време гледајќи во екрани, како што се мобилни телефони, телевизори или таблети.

Последиците од синдромот на суво око се јавуваат кога солзите не можат да обезбедат соодветно подмачкување на очите и има непријатно чувство на печење, иритација, црвенило или воспаление, кое често е многу болно. Овој синдром ги погодува луѓето постари од 60 години, а доколку не се лекува, може да биде исклучително опасен. Имено, освен што пациентите со дијагноза ја опишуваат болката како крајно непријатна со постојано чувство на печење, таа може да резултира со инфекција, па дури и со проблеми со видот.

Најголем виновник се екраните

Офталмологот Сара Фарант објаснува дека сè почесто гледа децата од основно училиште кои доаѓаат во нејзината ординација со оваа состојба. За ова првенствено го обвинува долгото време поминато пред екраните бидејќи, како што вели, гледањето во екранот драстично ја намалува стапката на трепкање и со тоа доведува до суви очи.

– Кога отворив сопствена офталмолошка клиника пред 15 години, немаше деца со такви симптоми. Инаку, ова е состојба која ја забележуваме само кај постарите луѓе. Меѓутоа, денес ситуацијата е поинаква. Во последните пет-шест години гледам сè повеќе деца со синдром на суво око, а мојот најмлад пациент имаше само шест години, што порано беше незамисливо – објаснува докторката.

Покрај времето поминато пред екраните, зголемувањето на проблемите со сувите очи може да се поврзе и со зголемената употреба на шминка кај малите деца. Ако не се лекува, состојбата може да предизвика неповратно оштетување на некои жлезди на очните капаци кои произведуваат солзи, вели офталмологот.

Доктор Метју Олсен од компанијата „Тиа фармасјутиклс“ истакнува дека многу претходни студии на оваа тема, како и вистински примери од медицината, покажале дека споменатиот синдром има големо влијание врз квалитетот на животот на детето.

– Како возрасни и одговорни поединци, мораме да ја подигнеме свеста за важноста на правилната нега на очите кај сите возрасни групи, особено кај децата – заклучува Олсен.

Извор



912

X