Бројот на извештаи за деца од Холандија оставени во странство од нивните родители се зголемил во текот на изминатите години. Повеќето жртви во текот на летото биле однесени во земјите од каде што потекнувале нивните родители, а голем дел од нив останале без пасош.
Овој број се зголемува секоја година, а тоа е евидентирано откако била отворена телефонската линија во 2015 година.
– Во првите пет месеци од оваа година имавме повеќе повици од кога било претходно – вели организацијата.
Годинава телефонската линија добила извештаи за 16 деца напуштени во странство. Бројките објавени од страна на Министерството за надворешни работи на Холандија од минатиот месец покажуваат дека имало 45 случаи на киднапирање или напуштање деца во странство минатата година.
Холандските власти ги повикуваат сите наставници и ментори да внимаваат на потенцијалните жртви во периодот на летните одмори. Сигнали за аларм се страв детето да оди на одмор или соопштение за посета на роднини во странство во последен момент.
– Кога имате некаков сомнеж, важно е да не се распрашувате кај родителите. Децата би можеле да бидат изложени на ризик ако семејството дознае дека разговарале со наставник – велат властите.