Образование

Романија: Предлог за флексибилно работно време за родители кои немаат кој да им ги чува децата

Романската министерка за труд Виолета Александру препорача флексибилно работно време за родители кои немаат на кого да ги остават децата дома.

Таа мерка е по одлуката за затворање на училиштата во Романија од утре до 22 март.

– Препорачуваме флексибилно работно време за родители кои немаат кому да ги остават децата дома – напиша таа на Фејсбук.

Таа дополни дека работното време на родителите треба да биде адаптирано кон родителите кои се грижат за мали деца.

Од утре до 22 март во Романија ќе бидат затворени сите училишта и градинки. Можно е мерката да биде продолжена.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top