Постојат многу необични места на кои жените имаат родено бебиња, а таквите вести за брзо време го заобиколуваат светот. Најновата доаѓа од Бразил. Имено, една Бразилка роди син во текот на концертот на бендот „Металика“ токму во моментот кога бендот ја пеел песната „Enter Sandman“.

Џоис Фигуеро изјави дека лекарите ѝ одобриле да оди на концертот со оглед на тоа што била во 39. недела од бременоста. Таа седела во зоната за хендикепирани на стадионот „Куто Переира“ кога нејзиното бебе одлучило дека баш тогаш е моментот да се роди.

– Мешавина од емоции. Бидејќи не беше планирано, се исплашив дека медицинскиот тим нема да биде подготвен. Но, имав чувство дека ќе биде неверојатно искуство затоа што „Металика“ е еден од бендовите што најмногу ги сакам. Бев во зоната за хендикепирани и седев на безбедно место, без никакви ризици да се повредам. И одеднаш, сѐ се случи навистина брзо – раскажува таа.

Откако се породила, брзата помош ја однела во болница каде што било констатирано дека бебето и таа се во одлична здравствена состојба.

Извор



912

X