Игротека

Рој деца со велосипед-автобус одат на училиште во Барселона

Ако времето е добро, секогаш е позабавно детето да го вози велосипедот на пат кон училиште. Исто така, тоа е добра физичка активност. Но, со сѐ погустиот сообраќај и агресивните возачи може да биде страшно искуство за родителите да ги остават децата да возат велосипед кога одат на часови.

Во Барселона има едноставен, но паметен начин децата да ги возат велосипедите безбедно кон училиштата. Тие тоа го нарекуваат „велобус“ или велосипед-автобус. „Автобусот“ се состои од карван на деца кои возат кон училиште, а некои родители се во улога на придружници и лидери на карванот.

Како функционира?

На почетокот од секоја недела организаторите ја објавуваат маршрутата за родителите да можат да ги донесат своите деца да се приклучат во возењето. Возењето не се однесува само за едно училиште, туку за неколку во одредена област. На тој начин децата од различни училишта може заедно да се возат на безбеден начин и да пристигнат до училишните клупи.

Прифаќање

Полицијата го охрабрила потегот за велосипед-автобус за пробен период од 2 недели. Потоа рекле дека оваа акција мора да престане. Но, родителите на децата инсистирале да продолжат, па полицијата прифатила да обезбеди придружба до крајот на годинава. Не е познато што ќе се случува потоа, но има надеж дека ќе продолжи убавата идеја и нејзината реализација.

Автор: Мет Хансен

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top