Бремена сте и откривте дека ќе родите момче, а претходно сте родиле девојче. И веднаш помислувате дека сè што мислевте дека знаете за одгледувањето деца паѓа во вода.

Според експертот за родители Меги Дент, ова може да биде случај кај родители што прво имале девојче, а сега очекуваат момче.

– Штом ќе пристигне вашето мало момче, одеднаш сте изложени на поинаква реалност и тоа може да биде збунувачко. Особено за мајки што пораснале без браќа – вели Меги и додава дека родителите треба да бидат свесни за две главни работи:

– Имајте предвид дека момчињата и девојчињата ИМААТ значајни разлики во однесувањето;

– Отстранете ги вашите сопствени очекувања и бидете реалистични во врска со однесувањето што го барате од нив.

Според Меги, се верува дека развојот на естрогенот во матката го забрзува развојот на мозокот, што значи дека девојчињата стануваат попаметни и побрзи. Од друга страна, момчињата се „програмирани“ повеќе да се движат и помалку да зборуваат.

1. Момчињата и „грубата игра“

Момчињата скокаат едни врз други. Тие сакаат да погодуваат цели со фрлање топки и стапчиња и да се натпреваруваат меѓу себе.

– Момчињата имаат „агресивна љубов“. Важно е нивното однесување да не го условуваме со „лошо“.

2. Момчињата бараат љубов и прифаќање

Меги вели дека на момчињата им треба надворешно искуство, еден вид одобрение од друга личност за да откријат што направиле добро. Малите девојчиња, од друга страна, сакаат да се фокусираат на една задача со часови – како цртање или играње со стикери.

3. Кога станува збор за забавување на момчињата, секогаш имајте план

Ако, на пример, планирате да ја посетите вашата мајка попладне или да одите некаде каде што момчето треба да биде мирно, треба однапред да испланирате.

– Однесете го во паркот да истрча половина час пред да одите на гости. Исто така, дајте му нешто да јаде. Кога момчињата се гладни, имаат влошено однесување. Со овие две работи ќе има подобри шанси момчињата подобро да се однесуваат – вели Меги.

4. Поминете време со мешани возрасни групи и групи од различен пол

Играњето со девојчиња е одлично за момчињата – девојчињата имаат подобри организациски вештини и се поструктурирани во текот на играта.

За семејства каде што има само момчиња, обидете се да поминете повеќе време со други семејства што имаат мали девојчиња.

– Добро е ако момчињата редовно се во група со деца од различни возрасти. Ова им овозможува да научат нешто повеќе за емоционалното и социјалното однесување во средина што е безбедна, со деца што ги познаваат и возрасни што се грижат за нив – вели Меги.

5. Уверете го момчето за неговите (и вашите) чувства

– Момчињата се плашат да не бидат напуштени и се чувствуваат несакано. Дајте им до знаење дека ги сакате и помогнете им да најдат зборови за да ги откријат нивните големи, лоши чувства како гнев, тага или фрустрација. Важно е да го именуваат она што го чувствуваат.

Автор: Луси Кипист
Извор



912

X