Крајот на учебната година често ги тера родителите да размислуваат за тоа како се развиваат и растат нивните деца во текот на таа година. Но, и родителите се менуваат со текот на времето.

Осумгодишни деца и нивните родители од 9 земји (Кина, Колумбија, Италија, Јордан, Кенија, Филипини, Шведска, Тајланд, САД) учествувале во долгорочна студија за родителство и детски развој. Децата и родителите биле интервјуирани на годишно ниво, а децата сега веќе се млади возрасни лица. За време на студијата научниците сфатиле многу не само за детскиот развој во различни културолошки контексти, туку и за начините како се менува родителството како што децата се развиваат. Ова се неколку од нив:

Топлина и контрола

Топлината ја опфаќа димензијата на родителството поврзана со обезбедувањето љубов, внимание и прифаќање. Бихевиоралната контрола ја опфаќа димензијата на родителството поврзана со родителските обиди да се регулира однесувањето на децата и нивната социјализација, преку кои ќе станат функционални индивидуи во општеството. Иако топлината изгледа дека е универзален позитивен аспект на родителството, бихевиоралната контрола изгледа дека е поголема културолошка варијабла. Низ културолошките групи, родителската топлина и бихевиорална контрола генерално се намалуваат како што нивните деца се движат кон адолесценција.

Може да е многу потешко за родителите да продолжат да покажуваат високи нивоа на топлина како што децата транзитираат кон адолесценцијата кога се судрени со конфликт, што често е пофреквентно и интензивно во адолесценција отколку во детството. Интензивирањето на таквиот конфликт често е поврзано со родителските обиди за поставување бихевиорална контрола, па родителите може да ги намалат своите обиди да го контролираат однесувањето на своите деца, како еден начин кон намалување на конфликтите.

Родителите ги користат бихевиоралната контрола и реакциите на децата и адолесцентите за своите обиди да воспостават контрола, кои се поврзани со перцепциите на родителите и децата за легитимноста на родителскиот авторитет. Родителската бихевиорална контрола може да остане на високо ниво кога децата се адолесценти во култури каде што родителите и адолесцентите веруваат дека родителите имаат легитимен авторитет да продолжат да воспоставуваат контрола врз различните аспекти од животот на децата-адолесценти. Но, дури и во тие култури, наоѓаме намалување на родителската контрола со текот на времето. Низ културите бихевиоралната контрола може да се намалува со текот на време, како што родителите препознаваат дека адолесцентите се делумно способни да го регулираат своето однесување и да носат одлуки.

Мониторинг

Мониторингот е еден начин со кој родителите се обидуваат да останат во тек со однесувањето на своите деца и адолесценти од дистанца. Родителите може да постават правила и граници и, исто така, да се обидат да побараат информации преку поставување прашања за пријателите на децата, нивните активности и слично. Децата и адолесцентите, исто така, даваат придонес кон процесот на мониторирање. На пример, децата може волонтерски да откријат информација или да ја премолчат. Ако адолесцентите се таинствени, тогаш потешко е за родителите да ги набљудуваат. Различните форми на мониторинг стануваат развојно видливи, како што децата навлегуваат во адолесценцијата и започнуваат да поминуваат помалку време под директната родителска супервизија и да поминуваат повеќе време со своите врсници далеку од дома.

Низ многу култури кои се разликуваат во генералните очекувања што се однесува до адолесцентите, било откриено дека се зголемува желбата за поголема автономност за време на адолесценцијата, а адолесцентите често сакаат повеќе автономија од онаа што родителите имаат волја да ја дадат. Така што, родителите преговараат за проблеми поврзани со автономијата на своите деца, за време на транзицијата и прогресијата низ адолесцентноста. Овие преговори се рефлектираат во промените низ времето во родителските правила и се видливи, па се открило дека преговорите се намалуваат како што напредува адолесцентската возраст, во многу културолошки контексти.

Како што децата се развиваат, така се развиваат и родителите. Односите помеѓу нив најдобро може да бидат разбрани како серија на реципроцитетни трансакции низ времето. Детскиот развој поттикнува промени во родителството, а промените во родителството влијаат врз детскиот развој.

Автор: Џенифер Е. Лансфорд

Извор



912

X