Балканскиот начин на воспитување е доста различен од европскиот. Обично се смета дека луѓето на Балканот се блиски едни со други, а дека германскиот народ е ладен, но дали стилот на родителство што го практикуваат Германците е поефикасен од нашиот?

Сара Заске е американска авторка и мајка која напиша книга на оваа тема – „Како Германците ги воспитуваат своите деца и како се разликува нивниот стил?“

Во суштина, Германците негуваат чувство на одговорност кај своите деца уште од рана возраст. Ние на Балканот сме склони да ги презаштитуваме децата во желбата да бидат безбедни, но Германците не се согласуваат со тоа.

– Секогаш кога коментирав дека не би можела да го пуштам детето така, мајка во Германија ќе ми речеше: „Знам, и јас го мразам ова. Навистина мразам што го правам ова, но мора да научи како да се вози со метро, како да се снаоѓа во соседството и во другите работи. Едноставно мора.“

Заске вели дека сѐ е приспособено на возраста на детето. Единствената разлика е тоа што овој стандард во Германија е сосема различен од остатокот од светот. Еве што Германците сметаат дека е соодветно за возраста на детето:

Им дозволуваат на петгодишниците да користат кибрит

Заске вели дека била шокирана од овој факт. Децата што одат во градинка со инструкции од пожарникарите и присуство на осигурителни компании, се целосно слободни да направат голем „среќен оган“ надвор.

– Кога видов дека моето дете користи кибрит, сфатив дека навистина не е толку тешко – вели таа.

Во оваа ситуација, мајките од Балканот веднаш би помислиле што би можело да се случи: изгорена коса или веѓи и кибритче што може да падне на тепих и да го запали целиот стан.

Ги охрабруваат децата што побрзо да одат на училиште со велосипед

На деветгодишна возраст децата во големите градови како Берлин возат велосипед до училиште. Заске била многу скептична во врска со дозволувањето на нејзината ќерка Софија да оди на училиште сама, а во тоа време другарка на Софија минувала огромни раскрсници и возела велосипед до училиште секое утро.

– Ако не му дозволите на вашето дете само да вози велосипед до училиште – му одрекувате нешто. Го одземате неговото лично задоволство. Гледам дека моите деца се многу горди на себе секогаш кога сами ќе завршат нова задача, што е многу важно кога станува збор за самодовербата. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашето дете е да го научите на нешто – и потоа да го оставите самото да го стори тоа – објаснува Заске.

Мајките од Балканот веднаш ќе развијат 30 можни сценарија во нивните глави за тоа што може лошо да се случи. Луѓето возат невнимателно, детето може да падне, што ако се изгуби итн.

Не се плашат да земат бонбони од непознати луѓе

Кога Заске била во метро во Германија со нејзината ќерка Софија, која тогаш имала 2,5 години, непозната жена ја понудила со бонбона. Заске се обидела што подискретно да ја анализира бонбоната. Мајките во Германија ги учат своите деца да не одат некаде со непозната личност, но далеку помалку се плашат ако некоја непозната личност им понуди бонбони на децата.

Разговараат за сексот и односите многу порано

Заске вели дека е нормално децата во Германија да дознаат од каде доаѓаат бебињата на седумгодишна возраст. Сепак, не во премногу детали и формулирани на начин на кој детето нема да се чувствува преоптоварено со информации.

Мајките од Балканот го одложуваат разговорот на оваа тема што е можно подоцна, а многу деца едноставно го дознаваат тоа сами.

Децата на рана возраст користат вистински ножеви

Малите деца во Германија сечат плодови со вистински ножеви уште од четиригодишна возраст, се разбира, под надзор.

– Вклучувањето на детето во готвењето и давањето одредени обврски се одличен начин за децата да научат нешто плус – вели Заске.

Извор



912

X