Дали сте еден од оние родители што ги развозуваат децата наоколу, а не добиваат ништо за возврат? Тоа би можело да се промени бидејќи на пазарот е лансирана апликацијата „Родителско такси“ (англ. „ Parent Taxi“), со чија помош на децата ќе можете да им го наплатите возењето во форма на домашна обврска. Ако сака да го одведете до домот на пријателот, ќе мора да ги измие садовите или да ја испере облеката.

Имено, истражувањата покажале дека родителите во Велика Британија годишно поминувале по 2.652 километри возејќи ги децата. Таа бројка е еднаква на 12.565 фунти, односно 14 илјади евра, а во нашата земја тој износ би бил над 853 илјади денари.

Дури 66 отсто од родителите изјавиле дека се чувствуваат како таксисти за своите деца, но за тоа не примаат никаков надомест.

Децата никогаш нема да им го платат на родителите превозот до училиште или до кафулињата, но сега родителите ќе можат да им наплаќаат во домашни обврски. Кога ќе стигнете до дестинацијата, апликацијата ќе ви пресмета колкав пат сте поминале и ќе ве извести кои домашни обврски и задачи можете да ги добиете во замена за возењето.

Возачот дури може на детето да му ја испрати сметката на мобилниот телефон или таблет и да ја сподели на друштвените мрежи, па така да има доказ за она што треба да го добие за возврат.

Обврските и задачите што се дел од понудата, меѓу другото, се и средување на собата, миење садови или изнесување на ѓубрето.



912

X