Игротека

Родителски трикови што ги прават забавни и најтешките работи

Ако не можете да се сетите кога последен пат сте се истуширале на мир или сте испиле шолја топло кафе, ќе ве воодушеват триковите на кои се сетиле другите родители. Пронашле начин секојдневието да го направат помалку хаотично и да го сочуваат здравиот разум додека одгледуваат деца.

„Како да се натера детето да си игра со старите, занемарени играчки…Ставете ги во кутија покрај вратата што имате намера да ја донирате!“

„Ѝ реков на ќерка ми дека зрната грашок во вечерата се М&М бонбони. Ги изеде сите“.

„Вклучив филм на шпански јазик и моето дете се прашуваше зошто ништо не разбира. Му реков: Не знам зошто, можеби си изморен и треба да се одмориш“.

„Пакет од 500 налепници ќе го занимава детето еден час додека работите. Вашиот мебел нема да биде ист никогаш повеќе, но ќе се исплати“.

„Имате тинејџер кој наутро бавно се буди? На помладото дете му се вовлекувам во кревет, го галам и го скокоткам, па гласно викнувам дека постарото дете е следно“.

„Сакате масажа на грбот, а децата не сакаат да ви угодат? Набавете фломастери кои се мијат и дозволете им да ви цртаат по грбот“.

„Секогаш имајте тајна резерва на кекси. Ниту едно дете не може да се лути кога ќе слушне дека мајката прашува: Кој сака кекси?“

„Едноставно легнете на под и повремено викнете: Еден бод! Така ги охрабрувате и поттикнувате 4-годишните деца на имагинарна игра, додека истовремено ги полните батериите“.

„Моето дете сака да јаде исклучиво сина храна, па во тестенините со сирење додадов сина прехранбена боја“.

фото извор: Reddit

„Кога работам и имам на главата слушалки и микрофон, моите деца мислат дека сум на зум-состанок, па не ми приоѓаат и не поставуваат прашања. Барем да го сфатев ова пред неколку месеци“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top