Не е лесно да се биде родител, но Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, има еден метод што може да им помогне на многумина.

Иако таа и принцот Вилијам изнајмиле помош од дадилката Марија Борело, Кејт сепак сака повеќето обврски да ги извршува сама.

– Јас сум практична мајка и што и да правам сакам да бидам сигурна дека тоа е најдоброто за децата – вели таа.

Многу експерти во минатото го анализирале родителството на Кејт, па нејзиното однесување кон децата е карактеризирано како топло. Така, Кејт има и неколку трикови, вклучувајќи и еден што го употребила на венчавката на нејзината сестра кога младиот принц Џорџ правел многу врева. Таа го погалила по главата, за што еден експерт опишува дека е добар начин за дисциплинирање на децата во јавноста.

– Тешко е кога сте родител на три деца и над сето тоа сте јавна личност. Се чини дека е добра во директниот контакт со нив, па допирот по глава дава слика дека имаат добра и убава врска со синот – истакнува д-р Ребека Чикот, педијатар.

Науката ја поддржува техниката што ја користи Кејт.

Истражување објавено во магазинот „Серибрал кортекс“ открива дека допирањето на детето помага да биде подруштвено. Откриено е дека децата кои родителите повеќе ги галат по главата ги користеле сите „социјални“ делови од нивниот мозок.

Постои уште еден трик со чија помош Кејт комуницира.

– Немирното дете се носи на местото на расправијата или таму каде што било немирно, се седнува со него и се разговара така што никогаш не се вика. Кејт и Вилијам, заедно со дадилката, се строги кон децата, но имаат магична способност да изгледаат како да не се. Се трудат воспитувањето на децата да тече поопуштено и така сите се посреќни – заклучува д-р Чикот.

Извор



912

X