Воспитување

Родителски правила што можете да ги прекршите

Пред да почнеме да зборуваме за правилата за воспитување кои треба да се почитуваат или прекршуваат, треба да се запрашаме една важна работа: кои се правилата за родителство и кој ги измислува и поставува? Педијатар? Нашите родители? Интернет? Инфлуенсери? Никој не го знае одговорот – и сите го знаат. Но, кој и да ги поставил, секогаш е убаво да се прекршат.

Родителството е веројатно најтешката и најважната работа што некогаш ќе ја работите и не постои уникатен прирачник што ќе ви каже како да го направите тоа. Се разбира, постојат многу книги за родителството, но не постои врховен авторитет и некој кој знае сѐ и ќе може да постави правила кои никој нема да ги доведува во прашање. На крајот на краиштата, вие сте родителот кој е авторитет и затоа е уште потешко. Затоа е добро да знаете дека постојат правила кои сигурно ќе ве „мачат“, а ништо страшно нема да се случи доколку ги прекршите.

Капење на детето секоја вечер

Некој донел одлука дека бебето треба да се капе секој ден. И многумина навистина го прават тоа. Но, родителите сфатија дека нема многу смисла, па така многу од нив одлучуваат да го капат бебето еднаш неделно. Бебињата не се валкани секој ден и важно е родителите сами да проценат кога треба да ги капат.

Времето пред екран е забрането

Секако дека не треба детето нонстоп да е пред уред. Но, факт е дека во денешно време тешко е да се избегне тоа. Затоа, треба да создадете граници. Така, во одредени граници, телевизијата може да биде забавна, па дури и едукативна, ако мудро изберете што ќе гледа детето.

Родителите треба да прават многу жртви

Пред да станете родител, овие тврдења ги сметавте за смешни. Но, откако ќе станете родител, неверојатно е лесно да паднете во оваа замка. Човечко суштество сте и ви треба сето она што му е потребно на еден човек. Не може и не треба да ги потиснувате вашите основни потреби само затоа што сте родител. На вашето дете му сте потребни вие, здрави и со задоволени потреби.

Придржување до распоредот за спиење

Спиењето е основа на менталното здравје. Недостигот на сон е мачење. Но, заспивањето на бебињата е една од најголемите животни мистерии. Постојат илјадници совети за идеалниот распоред за спиење, рутини за спиење и колку време треба бебињата да спијат. Но, важно е да го направите она што е најдобро за вашето семејство и вашето бебе.

Можеби и вие имате сопствени правила. Можеби вашето дете јаде 5 порции овошје и зеленчук во еден ден, можеби вели „те молам“ и „благодарам“. Можеби никогаш не скока по кревети. Одвреме-навреме целосно заборавете ги вашите правила. Останете до доцна и гледајте филм. Родителството може да биде тешко, па затоа уживајте во моментите.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top