Иако мислиме дека кралските деца имаат сѐ што можат да замислат, нивното воспитување е оптоварено со многу строги правила. Родителите мора да ги облекуваат на одреден начин, тие се учат на добри манири уште од мали нозе, а модерните играчки како електронски уреди се резервирани само за возрасните.

Денешните помлади кралски родители донекаде ги олеснуваат правилата за да им овозможат на своите наследници да имаат „понормално“ детство. Принцовите Вилијам и Хари сакаат да ги продолжат промените што ги започна нивната мајка, принцезата Дијана. Меѓу правилата што засекогаш се сменија најистакнати се прегратките што беа дозволени, односно топлината што беше поттикната.

Сепак, иако некои работи се менуваат, остануваат многу родителски традиции, а сепак постојат правила што мора да ги почитуваат сите во кралското семејство. Прво, кралицата Елизабета Втора мора да биде првата што ќе биде информирана за раѓањето на детето. Потоа на штафелај пред Бакингемската палата се става кралски проглас. Неколку дена по раѓањето на јавноста ѝ е дозволено да го види бебето во прегратките на родителите.

Кралските родители ги следат традиционалните кодекси на облекување, кои вклучуваат традиционални мотиви како пруги, но треба да знаете дека никогаш нема да видите кралско дете во маица од диносаурус.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон им забрануваат на своите деца да играат на „ајпад“ и им нудат повеќе традиционални играчки во замена за нови технологии. Таблетите, телефоните и компјутерите се гледаат како играчки на мама и тато, а не како детски играчки. Како двајца луѓе кои пораснале без такви уреди, Вилијам и Кејт цврсто веруваат во играта на отворено и поттикнувањето на имагинацијата.

Колку и да мислиме дека како родители е невозможно да контролираме некои работи, ова семејство го негира тоа. Детските лудории и изливи на негативни емоции во јавноста се недозволиви.

Но, како кралските деца се толку фини и мирни во секоја пригода?

Според еден експерт, тајната е во многу вежби.

– Тренингот за добри манири за членовите на кралското семејство почнува веднаш штом ќе станат доволно возрасни за да седнат на маса – вели Мика Мајер од „Бомонт етикет“. На пример, за да се подготват за венчавката на принцот Хари со Меган Маркл, децата ќе поминат низ проби и ќе научат специфични однесувања и протокол, вели таа.

Дури и ако некој инцидент се случи на јавно место, родителите мора да останат смирени за да ја смират ситуацијата пред да излезе од контрола.

Никогаш нема да слушнете како членовите на кралското семејство им викаат на своите деца. Кралските родители често заземаат спротивен став и едноставно се смеат, како сето тоа да е дел од сценариото. Војвотката од Кембриџ го покажа овој експертски родителски потег кога принцезата Шарлот го извади јазикот пред фотографите. Наместо да направи голема работа од тоа, Кејт само се насмеа и ја однесе ќерка си.

Извор



912

X