Воспитување

Родителски грешки поради кои децата имаат лоши оценки

Секој родител сака неговото дете да биде успешно. Меѓутоа, понекогаш сосема несвесно може да придонесе детето да бележи полоши резултати на училиште, односно да има полоши оценки, објаснуваат психолозите. Постојат неколку работи преку кои родителите го саботираат успехот на своето дете, честопати целосно несвесно.

Имаат преголеми очекувања

Иако е сосема разбирливо родителите да очекуваат одредени работи од своите деца, претерувањето со очекувањата може да направи повеќе штета отколку корист, предупредуваат експертите. Во овој случај, детето може да стане несигурно, особено ако добива негативни реакции кога греши или ако не успее во нешто. Психолозите додаваат дека недостигот на самодоверба води до интровертност, но и до послаби оценки во училиште.

Постојано разговараат за училиштето со детето

Родителите треба да разберат дека зборувањето само за училиштето и оценките не води до поголема мотивација и интерес за училиште. Психолозите нагласуваат дека родителите честопати како да забораваат дека имаат други теми за кои можат да разговараат со своето дете, а преголемиот товар од информации врз детето, пред да тргне на училиште, придонесува за појава на страв и анксиозност кај него.

Го принудуваат детето да учи

Повеќето родители треба да знаат дека секое присилување на детето на нешто, буди одбивност и лоши чувства кај него. Ако родителите постојано го тераат детето да учи, да решава домашни задачи и слични обврски, како сето тоа да е само една задача од која зависи неговиот живот, детето на крајот ќе стане незаинтересирано и нема да го сака училиштето, предупредуваат психолозите.

Ја решаваат домашната задача наместо детето

Друга грешка што ја прават многу родители е решавањето на домашните задачи или некои други училишни задачи наместо нивното дете. Иако е разбирливо дека родителите понекогаш ќе треба да се вмешаат за да им помогнат на своите малечки, сепак, ако тоа се случува премногу често, или кога децата можат сами да решат одреден проблем, тоа може да доведе до зависност, мрзливост и несигурност кај нив.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top