Игротека

Поддршката е клучна – слатко видео на татко и син пред кош

Ваквото внимание од родителот прави детето да поверува во сопствениот успех.

Да се биде добар татко и пред сè родител секогаш заслужува пофалба. Такво е однесувањето на овој татко, кое предизвика низа позитивни коментари. Се работи за момент кога таткото игра кошарка со својот син, кој изгледа дека нема ни 5 години. Момчето е толку мало, што едвај ја држи кошаркарската топка, а камоли да ја фрли до кошот.

Во моментот кога детето ја фрла топката, видно разнишан од нејзината тежина, таткото го користи неговиот момент на невнимание и тој ја фрла топката во кошот, само за синчето да помисли дека успеало да го направи тоа само. Среќата и радоста на ова дете се непроценливи, а многумина на „Твитер“ му доделиле комплименти на таткото и му посакале сѐ најдобро.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top