Воспитување

Родителска заклетва – 12 ветувања од педагогот Јелена Холцер

Педагогот Јелена Холцер ја напишала својата родителска заклетва пред најмалку десет години. Еве што вели таа:

-Свечено ветувам дека ќе:

1.Мислам за себеси како родител. Не сум само нечиј пријател, нечиј вработен, нечие дете. И јас сум родител. Тоа е можеби најважната улога што ја имам.

2.Ќе се обидам да го разберам и поддржам моето дете. Нема никој освен неговите родители. Дури подоцна врсниците ќе му бидат важни во животот, но и тогаш секогаш ќе му бидам родител. Тоа никогаш нема да најде друг татко или мајка.

3.Ќе ги контролирам своите амбиции и ќе ги негувам неговите. Моето дете не е и не треба да биде исто како мене, или да стане она што мислам јас дека е најдобро за него. Треба да има свои соништа и желби.

4.Ќе разговараме, ќе се договориме, ќе преговараме. Комуникацијата секогаш ќе биде начинот на нашето разбирање и основата на довербата.

5.Ќе ги исполнам ветувањата што ќе му ги дадам. Затоа ќе внимавам што ветувам.

6.Ќе му го дозволам правото на грешка. Често заборавам дека моето дете е само дете. Сè уште се развива и учи од своите грешки. Треба да бидам свесна за тоа.

7.Ќе му ја негувам самодовербата. Ќе го пофалам секогаш кога ќе можам, не само за постигнатите резултати, туку и за вложениот труд.

8.Ќе го почитувам неговото мислење. Во моето детство, исто така ми беше многу важно родителите да ме слушаат и да го ценат тоа што имав да го кажам. Тоа е важно и за моето дете.

9.Ќе го запознам моето дете со неговите права. Јас ќе бидам првиот човек што ќе ги почитува тие права во неговиот живот. Моето дете има право на живот полн со права.

10.На која било возраст, моето дете ќе има права, но и обврски. Тие ќе го насочат и ќе поттикнат понатамошен развој.

11.Постојано ќе го потсетувам своето дете колку го сакам. Иако верувам дека го знае ова, важно е да му кажам и да му покажам. На овој начин дополнително ќе ја негувам нашата врска, а тоа ќе расте со убедување дека има поддршка во мене.

12.Ќе се обидам на моето дете да му обезбедам корења (чувство за дом, сигурност, семејство…) и крилја (слобода да го истражува надворешниот свет, за да може да научи да се бори, губи и победува… затоа што има каде да се врати, во безбедноста на својот дом и семејство).

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top