Новата генерација на родители е подготвена да потроши стотици, па и илјадници евра за фотографирање на новороденчињата. Некои бебиња позираат во рачно изработени минијатурни комплети.

-Луѓето бараат нешто поинакво, нешто полично. Веќе не сакаат бебе кое само лежи на бела заднина – изјавила фотографката Ерика Кларк.

Кларк е специјализирана за фотографирање на новороденчиња. Таа креирала сетови слични на докторски ординации, пицерија и првокласна авионска кабина.

-Најдобро време за фотографирање на новороденчиња е помеѓу пет и десет дена кога бебињата можат лесно да заспијат. Ние користиме бел шум и приспивни песни за да им помогнеме да заспијат – открила таа.

Цените на пакетите што ги нуди Кларк се движат од 1.800 до 10.000 долари.

– Сакам моите фотографии да раскажуваат приказна. Затоа ги интервјуирам родителите за нивните страсти, хобија и идеи. Почнуваме да ја планираме фотосесијата приближно дваесет недели пред планираното раѓање – заклучила таа.

Извор



912

X