Игротека

Родителите ставаат околу 1.500 фотографии од децата до нивната петта година. Еве каде завршуваат голем дел од нив

Родителите често велат дека се внимателни кога објавуваат фотографии од своите деца на интернет, но не е баш така.

Истражувањето спроведено од „Мекафе“, компанија за интернет-безбедност, покажа дека 71 отсто од родителите се согласуваат дека фотографиите може да завршат во погрешни раце, но генерално повеќето родители не се плашеле дека тоа ќе им се случи на нивните деца.

Загрижувачки податоци

Изненадувачки податок за многумина е тоа што родителот објавува во просек речиси 1.500 фотографии од своето дете на интернет пред да наполни пет години. Ова се податоците од анкетата спроведена меѓу 2.000 родители што користат социјални мрежи од страна на страницата од „Ју-кеј тех парент зоун“, која се занимава со предизвиците на дигиталната ера.

Особено загрижува кога ќе се земе предвид дека нешто повеќе од четвртина од родителите имаат поставки за јавен пристап, што значи дека секој може да види што објавуваат, дури и ако не им се пријатели.

Исто така, не е невообичаено родителите да креираат профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ за своите мали деца.

Ризиците од објавување фотографии од деца се големи бидејќи предаторите ги демнат профилите на родителите кои имаат такви фотографии на „Инстаграм“.

Сликите на деца преземени од социјалните мрежи на нивните родители сочинуваат дури 50 отсто од материјалот пронајден на страниците за педофили во Австралија. Иако самите копирани фотографии нема да се сметаат за материјал за експлоатација, овие страници често се придружени со коментари во кои детето експлицитно е претставено како сексуален објект.

Друго истражување спроведено од Универзитетот во Мичиген покажа дека на повеќето деца на возраст од 10 до 17 години не им пречи што нивните родители ги објавуваат нивните фотографии на интернет. Но, повеќето велат дека претпочитаат кога родителите би побарале дозвола.

Децата истакнаа дека имаат фотографии што не сакаат да бидат објавени.

Студијата во Мичиген покажа дека децата се многу свесни кога нивните родители ги објавуваат нивните фотографии и можат да ја видат разликата помеѓу позитивната и негативната содржина што се споделува. Некои примери на работи за кои децата сметале дека се забранети кога станува збор за споделување од страна на родителите се нивни фотографии со партнерот, фотографии од „секојдневни“ активности и други поприватни моменти.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top