Воспитување

Родителите се кријат од своите деца за да најдат малку време за себе?

Факт: Жонглирањето со родителството и кој било вид „време за себе“ е како постојана борба за повеќето родители. Ново истражување покажа за колку голема борба станува збор.
Американската агенција Munchery неодамна интервјуирала 2.000 мајки и татковци и открила дека просечниот родител има само 32 минути на ден за себе. Да, повеќето мајки и татковци имаат околу половина час дневно да си го посветат на себе.

Многу работат, па се кријат од децата

Уште едно откритие, кое е малку и депримирачко, покажува дека 32% од родителите не престануваат со работа до 20 часот навечер, што секако го објаснува недостигот на време кога би можеле да направат нешто друго освен секојдневните родителски должности и обврски.

Колку им е тешко на родителите да најдат време за себе, покажува и податокот дека во интервјуто родителите откриле дека им се криеле на своите деца во просек четирипати неделно. Изгледа дека родителите понекогаш треба да се преправаат дека одат во бањата само за да добијат неколку минути насамо.
Други откритија го потврдиле фактот дека родителите што работат полно работно време во просек поминувале 18 часа неделно директно грижејќи се за децата, а четвртина од родителите, односно 24%, поминале повеќе од 30 часа неделно директно грижејќи се за своите деца и покрај другите обврски.

Петпати неделно одат по набавки

Исто така, било откриено дека просечно родителот оди во продавница петпати неделно и исто толку пати се справува со испади на гнев и лошо однесување на своите деца.
Иако резултатите од ова истражување не се изненадувачки, секогаш е добро да се потсетиме дека на сите ни треба време за себе. Зошто е толку тешко времето за себе да ни стане приоритет? Знаеме колку очајно ни е потребно тоа и за нашето психичко здравје и за нашата способност да бидеме добри родители. Во секој случај, заслужуваме повеќе од половина час!

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top