Децата чии родители секој ден им одржуваат лекција дека училиштето е поважно од сѐ генерално не успеваат да ги совладаат социјалните вештини и заостануваат зад своите врсници по емоционална интелигенција. Ова го покажало истражување на германските педагози, кои сакале да откријат што се случува со децата кои се учат дека успехот на училиште е пред сите други.

Фокусот на оценките и совладувањето на материјалот е позитивен, но тоа не смее да биде она за што мајките и татковците најчесто разговараат со своите деца, вели д-р Роберт Клаус.

Амбициозните родители забораваат дека училиштето не е место каде што се учат само математички и историски закони, туку и животни закони. Пожелно е секој ден, освен за петки и натпревари, со децата да разговараат за пријателство, симпатии, односи со наставниците, оброци што ги јадат на одмор, за мода, музика, филмови…

Студијата покажала дека отсуството на родителска грижа и интерес за другите аспекти на школувањето ги прави децата добри ученици, но лоши пријатели и партнери, кои не знаат како да се справуваат со секојдневните проблеми.

Извор



912

X