Станува збор за седум работи што имаат големо влијание врз тоа во каков возрасен ќе порасне едно дете. Децата уште од мали треба да се научат да се почитуваат себеси и другите, да помагаат и да не бидат себични.

Ривалство помеѓу браќата и сестрите

Смирете го ваквото однесување со тоа што ќе им дадете на вашите деца еднакво внимание, а ако едниот добива нешто, мора и другиот. Објаснете им дека ги сакате еднакво и казнете го оној што упорно му подметнува нешто на другиот. Научете ги да ги почитуваат туѓите работи и туѓата приватност.

Земање туѓи работи

Не е потребно многу објаснување дека ова е многу лоша навика бидејќи децата ја знаат. Некои од нив само сакаат да привлечат внимание кон себе. Научете ги децата да ги споделуваат своите работи со другите и да не бидат себични. Обрнете им внимание, играјте со нив, разговарајте искрено и без да го наметнувате вашето мислење.

Лошо однесување кон другите

Ова воопшто не треба да се толерира бидејќи доведува до проблеми подоцна во животот. Ова особено се однесува на однесувањето кон родителите. Објаснете му на детето дека не треба да се однесува со другите онака како што не би сакало другите да се однесуваат со него. Детето што не ги почитува родителите и другите околу него не може да порасне во добра личност.

Лажење

Понекогаш децата лажат поради реакцијата на нивните родители. На пример, ако скрши нешто, не збеснувајте бидејќи тоа може да му се случи секому. Реагирајте смирено и разумно и детето нема да има потреба да лаже дека го направило тоа. Исто така, објаснете му дека лажењето не носи ништо добро во животот. Подобро е да ја кажете вистината и да завршите со неа отколку да лажете и подоцна постојано да се плашите дека некој ќе открие што навистина се случило.

Нетрпеливост и викање

Ако, на пример, детето сака да престанете да разговарате со некого токму во тој момент и да се фокусирате на него, не правете го тоа – особено ако тоа вреска. Смирено објаснете му дека во моментот зборувате и дека подоцна ќе си играте. Мора да научи да биде трпеливо и да ги почитува другите.

Себично однесување

На пример, ако правите нешто и имате многу работа, замолете ги децата да ви помогнат. Треба да научат дека не е добро да мислат само на себе, туку треба да им го олеснат животот на луѓето што ги сакаат. Дополнително, ако работите заедно, ќе имате повеќе време за заедничка игра и дружење.

Се прави дека не гледа нешто

Важно е уште од мали да научат дека треба да реагираат во одредени ситуации, а не да се однесуваат како да не е нивна работа. На пример, ако видат деца како малтретираат некого на училиште, треба да му кажат на наставникот. Или, ако некој е сиромашен, никогаш не треба да го исмеваат, туку треба да му помогнат колку што можат.

Автор: Тина Кос

Извор



912

X