Како родител, може да се прекорувате што не правите доволно за вашите деца, но ако сте како мене и мојот сопруг, тогаш работите повеќе работи, трчате наоколу како луди и правите сè што можете за нив.

Вистината е дека вашите деца ги ценат малите нешта, кои не одземаат многу време, но покажуваат грижа – и ова децата го ценат повеќе отколку што мислите. Треба да си дадете пауза и малку заслуга за сите неверојатни мали нешта што ги правите за да ги натерате нивните срца да пеат секој ден.

Родителите не сфаќаат колку им значат овие работи на децата:

Станување со нив наутро – секое утро кога ќе станат, ќе го видат вашето насмеано лице подготвено да помогне.

Подготвување појадок – кога вие го правите, појадокот едноставно има подобар вкус.

Потсетување да ги мијат забите – би помислиле дека вакво нешто им е досадно, но токму малите потсетници им даваат до знаење дека ги сакате.

Надгледување дали нивните соби се чисти – знам колку моите деца се жалат на ова, но потоа ги гледам нивните насмевки откако нивните соби се чисти и организирани и сфаќаат дека можат повторно да седнат на подот.

Чешлање на косата – особено ако имате мало девојче со долга коса, знаете дека само вие можете да ја исчешлате на вистински начин.

Следење на ужините – не им дозволувате да претераат со грицките и знаат (макар и несвесно) дека тоа е добро за нив.

Врзување на нивните чевли – ги учите на лесните начини за врзување на врвките, па знаат дека тоа го правите за нивна сигурност.

Проверка на надворешната температура – мојот син сака да носи шорцови во зима, но исто така цени кога му кажувам да провери какво е времето пред да се упатиме кон автобуската станица.

Гушкање – дури и кога вашите деца се однесуваат како да не сакаат да бидат прегрнати, само продолжете да ги гушкате.

Да бидете будалести со нив – децата обожуваат кога сме будалести со нив, кога зборуваме со чуден тон и будалести изрази на лицето.

Играње друштвени игри – „Не лути се, човеку“, „Монопол“ и слични игри секогаш се извор на радост за децата.

Кога им дозволувате да одберат еден омилен производ во продавница – моите деца знаат дека не купувам многу работи и секогаш велам „да“ на еден посебен личен избор во продавница.

Кога ќе се сетите на нешто „посебно“ што им се случувало на училиште – поради некоја причина, моите деца сакаат кога велам: „Ох, како беше ликовно денес?“ Очите им светнуваат кога сфаќаат дека им обрнувам внимание на нивните животи.

Кога не ги бришете нивните влажни бакнежи – дури и ако моите деца се болни, кога ќе добијам голем лигав бакнеж, не се бришам.

Кога ги гледаме додека играат игри – никогаш нема да разберам зошто е толку важно за моите деца да седам и да ги гледам како играат видеоигра, но тоа ги воодушевува.

Закачување на нивните цртежи на ѕид – исто како и возрасните, децата сакаат да гледаат како се слават нивните уметнички дела.

Кога им ја давате нивната посебна чинија или чаша – ова прави да се чувствуваат сакани.

Кога им читате – ништо не ги надминува изразите на вашите деца кога им читате.

Кога лежите со нив навечер – дури и големите деца го сакаат чувството на сигурност што го обезбедувате кога ќе се одморите в кревет со нив неколку минути.

Ритуали – посебен бакнеж за добра ноќ или прегратка пред училиште има смирувачко дејство врз децата.

Проверување на нивната температура дури и кога лажат дека им е лошо – поставувањето на термометарот и поминувањето низ ритуалот може да биде доволно за да сфатат дека се добро.

Кога ги носите на игралиште или во парк – неочекуваното патување за децата е забавно како да добиле на лотарија.

Извинување – најважната и најценетата работа што можете да ја направите е да им се извините кога ќе направите грешка.

Кога ги оставате да се извалкаат – оставете ги децата да се валкаат и забавуваат, подоцна ќе се исчистат.

Споделување на вашите приказни од детството – децата сакаат да патуваат назад во нашите стари денови пред да бидат измислени компјутерите и мобилните телефони.

Возење велосипеди – бидете физички активни со вашите деца.

Споделување на љубовта кон животните – без разлика дали имате домашни миленици или само гледате во животичниња на отворено, децата добиваат порака од тоа што нивните родители се заинтересирани.

Кога ги слушате – ова е една од најголемите радости на децата, вашата подготвеност секогаш да ги слушате.

Покажување интерес за тоа што им се допаѓа – заинтересираноста за она за што се грижат може навистина да го продлабочи вашиот однос.

Кажување „те сакам“ – секогаш уверувајте ги дека ги сакате: секогаш!

Автор: Шила Хејџман

Извор



912

X