Дали сакате еден вашето дете да биде успешно? Вие како родител сигурно би можеле да одиграте голема улога во тоа. За книгата „Одгледување претприемач“, Маргот Махол Бисноу интервјуирала 70 родители кои воспитале многу успешни возрасни лица. Тие ѝ помогнале да навлезе подлабоко во тоа како им помагале на децата да ги остварат своите соништа. Еве четири фрази што нивните родители никогаш не ги користеле кога децата биле мали.

„Ја прегледав твојата домашна задача и ти ги исправив грешките“

Една од најважните лекции што мора да ја всадите во вашето дете е да прави грешки и да учи од нив за да стане одговорен возрасен човек. Ако сакате да воспитате успешен претприемач кој е способен да ги реши најтешките проблеми, треба да го подготвите како дете да ги надмине пречките. Во својата книга, Бисноу го наведува примерот на Џон Ероу, основачот на „Mutual Mobile“, кој генерирал повеќе од 200 милиони долари приход.

„Кога Ероу беше во петто одделение, тој и неговите пријатели водеа успешен училишен весник. Тие не ги проверија сите факти пред да го објават новиот број, нешто што ги налути директорот и другите родители. Родителите на Џон само се смееја и му рекоа да ги поправи грешките. Џон, знаејќи дека неговите родители секогаш ќе го поддржуваат, почна да работи двојно повеќе и вложи многу повеќе напори за да му покаже на семејството дека има право што верува во него“, вели Бисноу.

„Ќе ви го зголемиме џепарлакот, купете си што сакате“

За Најла Роџерс, основач на непрофитната организација „Мама хоуп“, претприемачкото патување започнало кога нејзината мајка платила само половина од трошоците за средношколско патување во странство и ѝ рекла да ја заработи другата половина сама. Така таа се грижела за деца, косела тревници, шетала кучиња, внесувала податоци во базите на податоци.

„Работев по 15 часа на ден, седум дена во неделата, за да заштедам пари. До крајот на летото имав доволно“, рекла таа во интервјуто за Бисноу. Заклучокот е дека децата кои не се разгалени и ја разбираат вредноста на работата, можат да основаат успешни компании.

„Нема активности по училиште додека не ги подобрите оценките“

Дури и ако не ја разбирате страста на вашето дете или немате идеја каде ќе го одведе, мора да му дадете шанса. Џон Чу, режисерот на „Луди, богати Азијати“, сакал да снима филмови уште од второ одделение. Родителите се надевале дека со напорна работа ќе го оствари американскиот сон, но не очекувале тоа да се случи во филмската индустрија.

„Кога бев во средно училиште, мајка ми се вознемири кога ме најде како снимам наместо да ја работам домашната задача. Почнав да плачам и ѝ реков дека тоа е она што го сакам и што имам желба да го правам до крајот на мојот живот. Кога таа ме зеде од училиште следниот ден, застана во библиотеката и зеде неколку книги за снимање филмови“, рекол Чу.

„Ќе ти дадам пари ако добиеш добра оценка“

Иако е важно младите да ја знаат вредноста на парите, можеби не е најдобро да ги натерате да трчаат по парите. Додека растеле, денешните успешни претприемачи велат дека не биле воспитани целта во животот да им биде да се збогатат. Наместо тоа, родителите ги поттикнале да успеат, да се подобрат и да создадат нешто одлично. Децата верувале дека парите ќе дојдат. Тие пораснале со чувство за цел и желба да направат разлика во светот.

Извор



912

X