Секоја година светските медиуми се преплавени со вести за некои нови најубави девојчиња на светот. Кога свеста на родителите кои на децата им отвораат профили на друштвените мрежи ќе се доведе во прашање, тие одговараат дека децата баш тоа го сакале. Да, децата сигурно уште од утробата сонуваат за тоа да бидат најубави на светот.

Ги имавме Анастасија Кнајзева и Тилан Блондо. Медиумите посветено го следеа нивното растење, а во меѓувреме родителите заработија многу пари од ангажманите во рекламни кампањи.

Сега имаме нови кандидати – близначките Ева и Лија Клементс.

Штом наполнија седум години, нивната мајка им направила инстаграм-профил. За 6 месеци добија околу 150.000 следбеници, а за нив пишуваше и „Дејли мејл“. Потоа на „Инстаграм“ бројот на следбеници скокна на повеќе од милион и прогласени се за најубави девојчиња на светот.

И сега прочитајте што вели мајката:
– Последнава година беше многу забавна и возбудлива за Ева и Лија. Приватни шопинзи, брендирани парчиња облека од целиот свет, сликање со обожавателите… – девојчињата имаа прекрасно патување досега. Секако, ним им се важни пријателствата што ги стекнаа во меѓувреме.
Но, тоа им е важно само ним. Мајката е презафатена со букирање ангажмани за своите девојчиња.

 

– Сите работи што им ги договарам преку „Инстаграм“ ги закажувам во викенд или по завршувањето на наставата за да не изостануваат. Ако им договорат ангажман преку агенција, таму има учител кој им помага да завршат сè за на училиште – вели мајката Жаки.
Во деновите кога работат стануваат рано наутро за да патуваат до Лос Анџелес.

Ако работат само неколку часа, понекогаш ги изненадувам со ручек или вечера или излегување со другарите од Лос Анџелес – вели таа. Неодамна им отворила и канал на „Јутјуб“ за да можат обожавателите да имаат увид во секојдневниот живот на близначките.

 

И сега, ако повторно ги прочитате овие изјави, ќе ви паднат в очи многу работи.
Како што знаете, девојчињата во осмата година од животот најмногу на светот сакаат дома да им стигнуваат брендирани облеки, исто така едвај чекаат да работат, па по работата да ги напишат домашните задачи, а најмногу се радуваат ако ги однесете во некој скап ресторан и снимате видео додека јадат, во кое мора да бидат – па најубави на светот.

И ако сега почнете да пишувате дека тоа го има само на Запад, верувајте дека не е така. Амбициите на родителите често им пркосат на здравиот разум и сосема едноставните животни приоритети.



912

X