Воспитување

Родителите на едно дете никогаш не треба да ги слушнат овие прашања од други луѓе

Изборот на бројот на деца зависи од договорот на родителите, но луѓето секогаш коментираат за бројот на деца за кои некој се одлучил. Иако многу луѓе избираат да имаат две или повеќе деца, некои родители сакаат да ја насочат целата своја љубов и внимание на своето едно дете.

Поради нивната одлука, некои од нив се соочуваат со прашања од други луѓе. Авторката Ејми Клајн открила три реченици кои никој не треба да им ги каже на родителите на едно дете.

„Не сакаш да има брат или сестра?“

Едно од најчестите прашања што го слушаат родителите на дете единец е зошто не дозволуваат нивното дете да расте со брат или сестра. Сепак, Клајн истакнува дека треба да се разгледаат одредени можности пред да се постави такво прашање.

-Не знаете низ што поминале родителите за да имаат дете. Мене и на мојот сопруг ни требаа четири години, десет лекари, девет рунди вештачко оплодување и четири спонтани абортуси за конечно да имаме „само едно дете“ – рекла авторката.

Таа советува, пред да им поставите на родителите на едно дете вакво или слично прашање, размислете за фактот дека имањето повеќе деца не мора да значи оти тие деца ќе се сложуваат. Исто така, треба да се земат предвид финансиските можности, плодноста и слично.

„Зарем не е осамен/а?“

Друго прашање што авторката препорачува да не им го поставуваме на родителите на деца единци е прашањето за осаменоста. Иако секое семејство има своја приказна и не може да гарантира дека самите деца не се осамени, авторката со примерот на нејзината ќерка објаснила дека ако детето е единец, тоа автоматски не значи дека е осамено.

-Мојата ќерка сака да биде единец и често ми го кажува ова. Ме сака мене, нејзиниот татко и кучето, иако не сум сигурна по кој редослед. Го гледа синот на сестра ми, кој е на иста возраст, еднаш неделно и на одмор. „Можам да го видам братучед ми кога сакам, а потоа да си одам дома“, ми вели таа.

„Кој ќе се грижи за тебе кога ќе остариш?“

Некои луѓе не можат, а да не размислуваат што ќе се случува во иднината и сметаат дека е неправедно грижата за родителите во нивната старост да „падне“ само на едно дете. Иако ова е добро размислување, истакнува авторката, сепак „имањето повеќе деца не е гаранција дека тие ќе го делат товарот на грижата за своите родители“.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top