Воспитување

Родителите на бебиња навечер спијат само по 4 часа и 44 минути

Обично трошат по еден час секој ден обидувајќи се да го заспијат своето бебе

Родителите на новороденчињата спијат само 4 часа и 44 минути во една просечна ноќ во првата година од животот на бебето, покажуваат најновите истражувања. Во првите 12 месеци од животот на детето мајките и татковците спијат 59 отсто помалку од препорачаните 8 часа сон и со тоа губат околу 50 ноќи што би требало да ги отспијат во таа година. Истражувањето покажало дека на еден родител му се потребни околу 54 минути за да го заспие детето, на што троши речиси 14 дена во таа година.
Поради недостиг на сонот, велат истражувачите, може да дојде до проблеми во врските, а две третини од испитаниците изјавиле дека се расправале со партнерот поради будењето во текот на ноќта и повторното успивање на бебето.
Истражувањето спроведено од компанијата „Симба“ покажува дека 23 отсто од испитаниците веруваат дека недостигот на сонот во првата година на бебето довел до тоа да се однесуваат „малку чудно“.
Инаку, 64 отсто од родителите, кога ќе погледнат на првата година од животот со нивното бебе, се зачудени што можеле да функционираат онака како што функционирале.

Најдобрите начини за успивање на бебето

1. Топло млеко
2. Држење до рутината
3. Нежно нишање
4. Цуцла
5. Топла бања пред спиење
6. Удобно ќебенце
7. Читање
8. Нежно потскокнување
9. Пеење
10. Давање на омилената играчка
11. Играње со бебето колку што е можно повеќе во текот на денот за да се умори
12. Смирувачка музика
13. „Бели“ звуци – фен, машина за перење алишта, правосмукалка
14. Возење наоколу во автомобил
15. Масажа на бебето
16. ТВ-програми за деца
17. Ставање во кенгур и пешачење со бебето
18. Намалување на контактот со очите пред легнување
19. Носење надвор на свеж воздух
20. Оставање марамче со мирис близу креветот.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top