Седумгодишниот син на диететичарката Џенифер Андерсон како мало дете бил многу пребирлив. Затоа, не е чудно што наведувањето на децата да се хранат здраво е еден од најчестите проблеми меѓу родителите.

Денес, искуството на Андерсон им помага на родителите да создадат пријатна и привлечна средина за јадење, каде што децата ќе можат да научат да уживаат во нова храна.

„Откако поминав години набљудувајќи ги навиките во исхраната на децата и нивното однесување, открив дека одредени фрази можат да ги исфрлат од колосек“, изјавила таа. За да му помогнете на вашето дете да развие здрав однос кон храната, избегнувајте ги овие четири токсични фрази:

„Ќе добиеш десерт откако ќе ја изедеш брокулата“

Кога користите слатки за да го убедите детето да јаде нешто друго, вие всушност му испраќате порака дека брокулата е толку лоша што треба да го поткупите за да ја јаде.

Подобро е да кажете: „Можеш да јадеш брокула кога ќе бидеш подготвен“. Така, му давате избор на детето, а оваа реченица често функционира подобро од кој било мит.

„Ако молчиш, ќе ти дадам бисквити“

И оваа фраза ги велича слатките. Слатките грицки треба да ги користиме како награда во помала мера. Имено, со текот на времето, децата ќе почнат да сакаат слатки повеќе од која било друга храна или ќе почнат да ги консумираат кога ќе сакаат да се чувствуваат подобро. Андерсон советува наместо тоа. да му кажете на вашето дете: „Можеме да ја играме твојата омилена игра вечерва ако бидеш тивок“.

„Мораш да земеш уште еден залак пред да ја одбиеш храната“

Андерсон вели дека со принудувањето детето може да се научи да ги игнорира чувствата на глад и ситост.

-И како што децата стареат, тие може да се борат да кажат „не“ на работи со кои не се задоволни. Подобро е да му објасните на вашето дете дека може да каже „не, благодарам“ кога не сака да јаде. Наместо да го терате вашето дете уште еднаш да касне, научете го како учтиво да одбие храна – предлага таа.

„Би ме усреќило ако каснеш уште неколку залаци“

Родителите се во искушение да ја користат оваа фраза кога се загрижени дека нивните деца не јадат доволно за да добијат соодветни хранливи материи. Но, тоа само ги учи децата дека треба да развијат добри навики во исхраната за да ве направат вас среќни, додека всушност треба да разберат колку им помага здравата храна.

Според Андерсон, кажете му на вашето дете: „Морковите се богати со витамин А, кој е добар за твојот вид и ти помага да гледаш подобро“.

Објаснете му на детето што предизвикува здравата исхрана во неговото тело.

Со тоа што ќе им ги дадете фактите на децата, ќе им помогнете во поттикнувањето на нивната желба да испробуваат нова храна.

Извор



912

X