Анкета на 1.000 родители во Велика Британија открила дека мајките и татковците чии деца почнуваат во средно училиште се најмногу загрижени за малтретирањето, дали нивните деца ќе стекнат пријатели и дали ќе се соочат со притисоци од врсниците.

53 проценти од родителите рекле дека се загрижени оти нивните деца ќе бидат помалку безбедни во средно училиште отколку што биле во основно училиште. Шест од десет родители имаат намера да ја следат локацијата на своето дете со апликации за следење, додека 32 проценти признаваат дека тоа го направиле уште во основното училиште.

– Преминот од основно во средно училиште може да биде страшен, не само за децата, туку и за родителите. Останете оптимисти и разговарајте отворено и искрено со децата за да помогнете при олеснување на анксиозноста – советува експертот за родителство Сју Аткинс.

Извор



912

X