Корисниците на социјалните мрежи збеснаа кога еден татко се пофали со неговите родителски вештини – ѝ рекол на својата 9-годишна ќерка сама да ја отвори конзервата со грав или ќе остане гладна.

По шест часа детето успеало да ја отвори конзервата и конечно можело да јаде, напишал таткото на „Твитер“, а подоцна го избришал твитот.

Таткото, кој инаку води поткаст, тврди дека тоа било победа на „доброто родителство“. Но, другите родители го обвинија за запоставување на детето, додека некои велат дека ја измислил приказната за да привлече внимание.

Твитер-корисниците му дадоа прекар „татко-гравче“ бидејќи инцидентот предизвика уште една жестока дебата на социјалните мрежи, каде што методите на родителство се честа причина за несогласување.

Џон Родерик, кој е и музичар, ја сподели приказната на „Твитер“, објаснувајќи дека сè почнало кога неговата ќерка побарала од него да ѝ подготви грав. Откако му ги донела отворачот и конзервата со грав, тој ја прашал што мисли таа, како функционира отворачот.

Ќерката му рекла дека не знае, а таткото сфатил дека штотуку му се појавил одличен момент за подучување.

Тој објаснува дека сака неговата ќерка да научи како да отвори конзерва грав, а нејзиниот обид траел шест часа.

– Таа беше покрај мене и негодуваше обидувајќи се да ја отвори конзервата. Треба да напоменам дека просторната ориентација, визуализацијата на процесот и редоследот на редот не се работи што таа ги предвидува. Знаев дека ова ќе биде предизвик – пишува таткото.

Таа на крајот ја отворила конзервата и го изела гравот.

Твитот за брзо време се проширил на интернет, а другите корисници ја осудија неговата постапка, тврдејќи дека станува збор за лошо родителство.

– Мислам дека вреди да се научат децата дека не се сами во светот и дека не е срамота да побараат помош и поддршка – напиша новинарот Џејсон Шрајер.

Друг корисник укажува дека пристапот на таткото е смешен и дека едноставно да ѝ даде на својата ќерка да јаде, а потоа да ѝ покаже како се коирсти отворачот.

Имаше и корисници се согласуваат со лекцијата на Родерик.

– На овој начин децата стануваат независни и се развиваат лично. Таткото не направи ништо лошо и ме охрабри и мене да правам повеќе вакви работи – пишува еден корисник.

Некои следбеници на неговиот подкаст истакнуваат дека приказната е напишана во стил на ликот од подкаст и дека поради тоа не треба да се сфати сериозно. Родерик не сакаше да го коментира настанот за медиумите, но се обиде да се одбрани пред да ја избрише сметката.

– Шест часа е време помеѓу оброци. Ручек напладне, вечера во шест – напиша тој додавајќи дека реакциите на корисниците се запрепастувачки.

– Моето дете е сосема добро. Но, една жена која вели дека е учителка, напишала дека ова е лош начин на едукација и воспитување на деца.

– Децата најдобро учат кога не се гладни. Секој учи различно и различни пристапи се корисни, посебно ако/кога некој се бори – вели таа.

Некои корисници го обвинија Родерик за расизам, сексизам и хомофобија откако ги анализирале неговите претходни твитови.

Кен Џенингс, кој води поткаст со него, го бранеше Родерик, нарекувајќи го грижлив татко кој си ги сака децата.

Извор



912

X